Русин со фатална дегенеративна болест на мускулите го прифатил ризикот да биде првиот пациент кому ќе му биде пресадена главата на туѓо тело.
Тој е 30 годишен компјутерски научник заболен од Вердник - Хофмановата болест а изведувач ќе биде контроверзниот италијански неврохирург од Турин, Италија, Серџо Канаверо. Две години го развиваат овој план кој предизвикува бурни реакции во медицинскиот свет.
Валериј Спиридонов го чека сосема извесна смрт бидејќи болеста која ја има ги напаѓа моторните неврони во мозокот што доведува до губење на функцијата на мускулите. На почетокот се работи за одење и седење, на крајот за неспособност да се голта и да се дише.
Многумина во медицинската заедница се скептични дека ваква операција е можна. Меѓу нив и новиот претседател на американската асоцијација на неврохирурзи.
"Не би го посакал ова никому, Јас не би дозволил тоа некој мене да ми го прави. Постојат многу полоши работи од смртта," смета доктор Хант Батјер.
Поедноставено, Канаверо смета дека може да залепи глава на рбетен столб со полиетилен глукол кој докажано помага во врзување нервни ткива а Спиридонов би се држел во пролонгирана кома додека сите поврзани крвни садови и нерви не зараснат.
Со пресечени клучни нерви, телото не може да трае долго и тоа е главниот проблем. Би била потребна една година да зараснат а човек не може да се држи жив толку долго. Затоа ова нема да успее, прогнозира хирург од Колумбија.
Спиридонов и Канаверо досега имаат собрано доволно финансии за ангажирање 150 медицински лица потребни за процедурата а кога сите детали ќе бидат готови, ќе чекаат донор со мозочна смрт а сочувано тело.