"САД ретко не успеале во што било, како што не успеале во борбата со дебелеењето.
Можеби тоа е бидејќи ни недостасува клучниот дел од сложувалката. Сите оние гуруа за исхрана и бирократите речиси никогаш не го поставија наједноставното прашање: Каков е вкусот? Ние сме фиксирани на тоа што храната го прави внатре во телото, но речиси комплетно игнорираме зошто таа воопшто стига таму. А тоа го знае и мало дете: јадеме бидејќи храната е вкусна," пишува Марк Шацкер за Вол Стрит Журнал.
Во одбрана на вкусностите што ни ги приредува храната Шацкер објаснува дека човечкото тело сериозно ги сфаќа вкусовите, "нашата опрема за чувствување вкусови зафаќа повеќе ДНК од која било друга телесна функција. Ако вкусот е наш непријател, зошто сме програмирани да го бараме?"
Шацкер споменува студија од 1939-та, во која група новороденчиња е оставена самата себе да се храни. Им се нудат 34 различни јадења - вклучувајќи вода, компир, желатин од коска, моркови, пилешко, житарки, банани и млеко. Само дете решава што ќе јаде. Наместо да се удават во најблагите јадења, детулињата ги одбрале оние јадења кои биле најхранливи за нив.
"Па што ги разликува овие деца од 1930-те од денешните деца? Зошто Американците можеле да престанат да се прејадуваат во 1960-те, а денес не можат?
Нашата врска со вкусот не е променета, но врската на вкусот со храната е променета.
Повеќе од 50 години, храната што ја одгледуваме станува се по блуткава. Како што нашите посеви и стока стануваат попродуктивни, достапни и отпорни на болести, така тие го губат и вкусот. Како што вашите дедовци и баби ќе ви кажат доматите, јагодите, пилешкото - сето ова денес има вкус на картон.
Како што вкусот исчезнува, со него заминува и хранливоста. Според студија од 2004-та, од Журналот на Американскиот колеџ за Исхрана, денешните домати имаат 50% помалку калциум и витамин А отколку оние од 1950-те.
Ние ја успокујваме навредата на хранливоста давејќи ја блуткавата храна во единственото нешто може да ја направи вкусна - крем, дресинг за салата, кечап, барбикју сос.
Во вознемирувачки пресврт во модерниот систем за храна, сега ги земаме самите овие вкусови кои исчезнуваат од фармите и ги произведуваме во фабрики, прскајќи ги на чипс или додавајќи ги во сокови. Денешните рафтови со џанк-фуд се преплавени со истите вкусови - цреша, малина, домат, јагода - кои исчезнаа од рафтовите за овошје и зеленчук" пишува Шацкер.
Според Еуромонитор Интернационал, Американците годишно консумираат над 270 милиони тони вештачки вкусови, "дури и тие 'природни вкусови' се подеднакво синтетички како и 'вештачките вкусови.' Разликата се однесува на тоа како се направени, а не што се."
"Лекцијата е: троши пари на добри работи. Со твојот новчаник гласај за вистински вкусови, и остави го самиот пазар да работи. Ти текнува како изгледаше купувањето вино и пиво пред Американците да ги сфатат сериозно? Сега замисли како може да изгледа супермаркет ако вкусот го сфатиме сериозно. Престани да броиш јагленхидрати. Немој да живееш во страв од масти. Почни да јадеш храна што има подобар вкус. Ќе бидеш послаб, поздрав и многу посреќен," објаснува Шацкер.