Џон Милер, екс-штеточина, сега заменик претседател за стратегија во компанијата за антивируси Сајланс (Cylance), објаснува дека во секој момент има илјадници луѓе што можат да извршат ист напад како минатогодишниот.
Конкретно зборејќи за Сони, тој објаснува дека не станува збор за некој специјално правен софтвер исклучиво за тој напад, туку за пакет кој руските хакери го продаваат он-лајн за околу 30.000 долари. Овој софтвер успешно би упаднал во компјутерските системи на околу 90% од компаниите.
Што се однесува на општата состојба на интернетот, тој не е оптимист во најголем дел затоа што моментално хакерите функционираат на начин на кој властите од која било држава не можат да ги фатат, "моментално е Див Запад. Гледаме како вадат луѓе на улица и ги застрелуваат, и те интересира каде е шерифот, а нема шериф."
И покрај тоа што американската влада јавно ја обвини Северна Кореја дека е извршител на нападот на Сони, се уште не се најдени хакерите кои го извршија упадот.