2.000 калории на ден се повеќе од доволно за просечен цивил, со просечно статичен начин на живот. Кај спортистите речиси и да нема еден човек што ги почитува овие ограничувања, ниту пак нешто посебно се загрижени околу делот на џанк-фуд вс. здрава исхрана.
Ако од листата го изземеме Двејн Џонсон, по основа дека многу е попознат по глумење отколку како билдер, најпрождерлив меѓу професионалните спортисти е Мајкл Фелпс, со просек над 12.500 калории на ден.
За да стигне до 12.500 калории дневната исхрана на Фелпс е составена од:
- 3 сендвичи со пржено јајце
- овесна каша со боровинки
- омлет со 5 јајца
- тост
- три американски палачинки со чоколадни парчиња
- два сендвича со шунка и кашкавал
- 1 кг. паста
- 1 XL пица со салама
- енергетски пијалаци