Снимањето и средувањето на материјалот ќе трае четири години, и по примерот на Планета Земја ќе го опфати дивиот свет од сите краеви на планетава. Продуцентите ветуваат дека епизодите ќе покажат снимки од делови на земјата кои никогаш до сега не биле снимани. Серијата ќе биде снимана со 4К технологија ( 4096 x 2160 пиксели, наспроти фул ХД 1920 х 1080), а премиерата е закажана за 2019-та на Нетфликс.
Продуценти на серијалот се Силвербек Филмс, кои освен Планета Земја, ги снимаа и Замрзнатата планета и Сината планета за БиБиСи. За Дизнинејчур тие ги снимија Земја, Мечки, Африкански мачки и Шимпанза. Тимот на Силвербек на проектот ќе соработува со Ворлд Вајлдлајф Фонд кои ќе им овозможат пристап до нивните заштитени области низ светот.
Претходникот, Планета Земја, се снимаше 5 години, а 11-часовната програма беше најскапиот серијал документарци за природата што некогаш е снимен, и е прв серијал снимен во ХД. Се уште не е познато дали наратор на серијата ќе биде Дејвид Атенбороу.