Таг: документарци

Атенбороу секоја чест, ама...

Целта на документарец за природа најчесто е да биде крајно поучен (со исклучок кога намерата му е да биде искористен за некои крајно неразумни лични агенди). А зошто па да не биде малку помалку поучен и неспоредливо позабавен, само со помош апдејтувана нарација.

Најдобрите документарци во 2017

Без оглед дали раскажуваа мали, лични приказни или се обидуваа да ги пронајдат големите вистини во вревата од куп лаги, документарците изминатава година беа бројни и значајни алатки во бесконечната борба за малку реалност во светот на фикции. Еве некои кои според критиката и гледачите беа најдобри.

Колку се лажњаци документарците за природа

Што се однесува до видеото сè е оригинал, барем во однос на снимката, нема компјутерски ефекти и слично. Ок, има многу монтажа во корист на приказната, ама видеата се автентични. Кај аудиото речиси сè е лажњак, ама па оди натерај тонец да и стави микрофон на бела мечка.

Пјаца Понтеросо, срцето на трговијата со фармерки

Кога вашите ви зборат дека оделе во Трст на шопинг, оделе на Пјаца Понтересо. Од 70-те до почетокот на војните низ Југославија, аџилакот се случувал еднаш до два пати годишно. Трст, Југославија е документарец за ова искуство.

Планета Земја двојката

Истите луѓе што го снима ненадминатиот серијал документарци Планета Земја, со Нетфликс договорија снимање на нова сезона од 8 епизоди. Двојката ќе се вика - Нашата планета.

Марадона 1986

Во серијата документарни филмови насловена како „30 за 30“, каналот ЕСПН ги прикажа фудбалските настани кои ги одбележаа претходните децении. Меѓу митот за Гаринча, трагедијата во Р. Ирска 1994. година, онаа на Хилсборо 1989-та и многу други, најмногу внимание предизвика документарецот за настапот на Марадона кој во 1986. година го освои СП во Мексико.

Документарци за сите пари

Затоа што гужвана на ЈуТјуб, Вимео и слично не е лесна за снаоѓање, овие се трудат да индексираат колку можат повеќе од тоа. Им фалат уште седумдесетина за да стигнат до 5.000 документарци, а тие што го имаат им се поделени во 26 категории.

Австралиски документарец за Новак Ѓоковиќ

Најдобриот светски тенисер објави утринава дека неговиот австралиски спонзор снимил документарна мини серија во која ќе се зборува за неговиот животен пат, како и за почетокот на професионалната кариера. Меѓу другото, Новак во серијата ќе зборува и како тренирал во време на војна.

40 години од подвигот на „Човекот на жица"

На денешен ден, 7. август, пред точно четири децении, Филип Петит се прошета на жица оптегната помеѓу покривите на двете кули-близначки на Светскиот трговски центар во Њујорк. Зошто? За да покаже дека може.

„Спрингстин и јас“ (2013)

Повеќето критики за филмот велат дека тој има смисла само ако сте фан на Шефот. Но ако само малку го проширите визирот, тој е славење на музиката воопшто, на нејзината моќ да ви влезе под кожа и да влијае врз вашиот живот, онака како што музиката на Брус повлијаела врз неговите фанови, кои се вистинските автори на филмот.

Смртните приказни за СП Катар 2022

На 2 декември 2010 извршниот комитет на ФИФА ја донесе можеби најконтроверзната одлука поврзана со Мундијалите кога за домаќин го назначи Катар. Од тоа произлегоа голем број на проблеми кои го разложивме во неколку клучни точки меѓу кои најсериозен се покажа изживувањето спрема работниците кои почнаа да ги градат стадионите.

Премиера на документарецот за Роџер Еберт во Кан

Нешто повеќе од една година од смртта на веројатно навлијателниот филмски критичар на сите времиња, Роџер Еберт, трејлер за документарец за неговиот ведар лик и остро перо.

Почина режисерот на "Searching for Sugar Man"

Швеѓанецот со алжирско потекло кој го потпиша фасцинантниот музички документарец за Сиксто, починал во Стокхолм, на само 36 годишна возраст. Не се најдени траги на насилство но полицијата засега не ја обелоденува причината за смртта.

Документарец за цртачот на Хантер С. Томпсон

Најпознат како илустратор на книгите на Томпсон, Ралф Стедман има цртано сè, од политички карикатури до етикети за различни брендови вина и пива. Дури има напишано и либрето за опера. Британскиот уметник сега е тема на документарец чиј наратор е, кој друг ако не Џони Деп.

Сте чуле за Вилијам Онјебор?

Нормално дека не сте чуле. Пионер на електронската музика од седумдесетите, тој до скоро беше сосема заборавен. До моментот кога Дејвид Брн му објави албум, а син му на Стинг сними документарец за него.

„Да се биде во светот“ (2010)

Филозофски документарец кој се обидува да одговори на едно навидум едноставно прашање - што бараме тука?

Најлошата репрезентација доби филм

Сигурно сте слушнале за рекордниот натпревар на кој Австралија ја победи репрезентацијата на Американска Самоа со 31:0. Инспирирани од неверојатната приказна на најлошата репрезентација на светот, двајца Англичани снимија документарец.

Документарецот на де Ниро за неговиот татко

Филмот којшто го најавивме летоска, својата премиера ја имаше на овогодинешниот Санденс, а телевизиски ќе се прикаже и на HBO во јуни. Де Ниро постариот, кој почина во 1993 на 71 година, според син му бил „луциден и отровен", но многу талентиран уметник.

Koга Бјорк го сретна Атенборо

Звуци на громови, сини китови, клукајдрвци, и многу технологија, употребена за сето тоа да се регистрира и да се истражи врската помеѓу науката и музиката. Водители: кој друг ако не визионерката од Исланд и четириесет години постариот природонаучник?

Документарец за Калвин и Хобс

Вечерта на Нова година 1995, Бил Вотерсон го објави последниот, 3,150-ти стрип Калвин и Хобс. Од тогаш русокосото момче и неговото замислено другарче со лик на тигар влегоа во легендите.

Нов документарец за Ник Кејв

Кејв и неговите 12-годишни синови Артур и Ерл седат пред телевизор, јадат сендвичи и го гледаат Скарфејс, во хор изговарајќи ја завршната реплика. Ова е само една од сцените од филмот кој опишува замислен ден во животoт на славниот музичар.

Мистеријата околу „Селинџер"

Џ. Д. Селинџер, авторот на „Ловец во р'жта", бил мистерија самиот по себе. Бегал од слава, се криел од фотографи и не давал интервјуа, а најверојатно напишал и повеќе отколку што е официјално познато. Еден нов документарец се обидува да го расветли неговиот живот, но по пат како и тој да заглавува во митот.