Сега излезе и документарец, „Драг г-дин Вотерсон", кој го опишува очигледно големото влијание кoe го имаат извршено овие две суштества врз читателите и колегите на Бил. Филмот најпрвин бил проект на режисерот Џоел Ален Шредер, кој започнал со интервјуирање фанови на стрипот во 2007 - неговиот Кикстартер проект започнат во 2009 собрал двојно од почетната цел од 12,000 долари. Потоа филмот добил дистрибутер, а еве го и првиот трејлер:
За среќа, документарецот не се обидува да ја разбие мистериозноста на Вотерсон како цртач, кој и претходно, а особено по завршувањето на Калвин и Хобс, ретко се појавува во јавноста. Наместо тоа, неговите колеги дискутираат за еден од најголемите стрипови на сите времиња. Меѓу нив и Ли Салем, уредник на Вотерсон во Universal Press Syndicate во текот на десетте години колку што излегуваше стрипот.
Документарецот исто така зборува за тврдоглавото одбивање на Вотерсон да ги продаде правата за стрипот, отпор кој сега излегува клучен за неговата судбина, бидејќи тој се заштити (колку што е тоа можно) од извитоперување на оригиналната содржина и продавање на сè и сешто под знакот на Калвин и Хобс. Вотерсон самиот му ставил крај на стрипот затоа што го нервирале уметничките компромиси кои ги наметнувал синдикатот.
Славниот стрип најпрвин бил сметан за премногу софистициран за деца, а истовремено пренереален за возрасни, но суптилните етиди за осаменоста, пријателството и големите животни вистини прикажани на едноставен и често трогателен начин го направија своето. Премиерата на филмот е закажана за 15 ноември.
Еве една Букбокс читанка посветена на нашите драги ликови.
Бонус: тетоважа на една наша драга читателка.