Фудбалската репрезентација на Американска Самоа стана позната во светот кога на 11 април во 2001-та година, во рамките на квалификациите за Светското првенство во 2002-та година, загубија од Австралија со 31:0.
По овој пораз, Американска Самоа паднаа на дното на ФИФА ранг листата и официјално станаа најлоша репрезентација на светот.
Една декада подоцна, челниците на тамошната фудбалска федерација решија да го поместат нивниот национален тим од дното и го ангажираа Томас Ронген за селектор.
Холанѓанецот со искуство од Ајакс и неколку клубови од САД, има големи проблеми со предводење на репрезентација која во составот го (ја) има Џони Селуа - првиот трансексуалец кој одиграл официјален ФИФА натпревар.
За да биде уште полошо, најдобриот фудбалер на репрезентацијата заминал во САД за да служи војска.
Документарецот кој едвај го чекаме го изработија двајца Британци, а својата промоција ќе ја има во април.