Насловот на серијата „Made by“ (Направено од) прв пат ќе се прикажува во втората половина од јануари. Спонзор на серијата е големата австралиска винарија Џејкобс Крик, инаку спонзор на Ноле и генерален спонзор на Австралија Опен, Кина Опен и Вимблдон.
Премиерата е закажана за 13. јануари, а турнирот во Мелбурн започнува шест дена подоцна. Винаријата Џејкобс Крик и порано снимаше документарни филмови за тенисерите, а најпознат лик за кого снимаа беше Андре Агаси. Документарецот за Ѓоковиќ е сниман во Белград, во режија на Американецот Кеит Ерлих.
„Оваа серија ми пружи можност за прв пат да ја раскажам мојата приказна и да кажам што ме мотивира и инспирира. Мојата најголема борба беше внатрешната борба“, изјави Ноле за снимањето на серијата.
Новак Ѓоковиќ е четирикратен освојувач на Аустралија Опен, а во моментов е прв на АТП листата најдобри светски тенисери, пред Швајцарецот Роже Федерер.