Вести

Томас Фази:

Европа, окупиран континент

Европските земји ги поткопуваат своите суштински економски и безбедносни интереси. Потчинетоста кон трансатлантските интереси може да се објасни единствено како вазализација. НАТО не функционира како одбранбена организација, туку како апарат за контрола, а ЕУ како политичко крило на овој империјалистички поредок, забележува Томас Фази во обраќање на форумот Исток-Запад во Истанбул.

Купуваат милост од Трамп со донации за Салата за бал

Произраелски магнат на казина, технолошки гиганти, производители за оружје се најголемите донатори за Салата за бал во Белата куќа што ја гради Трамп. На списокот што протече до јавноста врие од компании и директори што склучиле договори со владата, извлекле корист од регулаторни мерки или добиле помилување од претседателот.

Дојде време да се укине престапната секунда

Глобалното тело за мерки реши да ја укине „престапната секунда“ со чие додавање се прилагодуваше официјалното глобално време со астрономското. Забрзаната ротација на Земјата  налагаше почесто поместување на времето на атомските часовници. Наместо секунда, се воведува „престапен час“, кој нема да ни биде проблем. Со него ќе се занимава некој по 1.000 години.

Речник

Големите американски банки одбивале „политички неподобни“ клиенти

Деветте најголеми американски банки вршеле дискриминација на клиенти врз основа на нивните проценети политички, идеолошки религиозни или социјални убедувања и деловни активности. На удар најчесто биле бизниси поврзани со рударство и експлоатација на фосилни горива, производители на огнено оружје и тутунската индустрија.

Повеќе затвори се единствено решение за преполнетите ќелии

Британија веднаш се соочи со очигледен неуспех на стратегијата за предвремено ослободување на стотици затвореници поради преполнетост на затворите. По само една недела голем дел се вратија зад решетки. Владата ќе мора да прифати дека нема друга можност освен да дозволи да биде надминат капацитетот на затворскиот систем, сè додека не се изградат нови затвори.

Банкарскиот гигант УБС сака да заминe од Швајцарија

Последната преостаната голема швајцарска банка сериозно разгледува потег што се чинеше за незамислив: да го напушти Цирих и да се пресели во странство. Најавата за заминување на УБС отвора голема дилема за властите во Берн: Дали да ги заострат регулативите за банките или да го задржат историскиот идентитет на Швајцарија како сигурен глобален финансиски сеф?

А што всушност мислат Полјаците?

Деновиве ги гледаме како домаќини на европското првенство во ракомет.  Црвено-бели, бучни, убави и радосни навиваат за своите. Но, како се живее таму, што ги секира и кои се секојдневните жиивотни и и политички дилеми на тие луѓе? Њујорк Тајмс ги праша, ние ќе ви пренесеме, а вие сигурно ќе се пронајдете во некој од нив.

Петиција на која не може да има доволно потписи

Канје Вест, човекот жанр сам по себе, одлучи својата болка за заминувањето на Боуви да ја искаже на најдобар можен начин на кој тоа го знае - да издаде албум со препеви на песните на Боуви. Илјадници луѓе од сите краеви на планетава се кренаа на нозе да го замолат Канје никогаш да не го направи ова.

Кон новото златно доба на Исламот

Претходниот придонес на муслиманскиот свет кон науката и образованието е извонреден. Златното доба на Исламот во кое учењето и образованието цветаат низ муслиманскиот свет, трае со векови, и го вклучува основањето на првите универзитети во светот. Денес, сепак, мнозински муслиманските држави доста заостануваат зад остатокот од светот во смисла на образование и истражување.

Предизборни лекции по политичка култура

На последната дебата меѓу демократите, Берни Сандерс доби прилика каква што овдешен политичар во предизборие би ја зграбил со две раце и не би ја пуштал: шанса пред десетици милиони гледачи да ги коментира сексуалните скандали во семејството на неговиот политички противник. Но, Берни е поинаков.

За туѓи бели Ајфони

40.000 деца од Конго, некои од нив и со само седум години, аргатуваат во рудниците низ земјата вадејќи кобалт кој завршува во смартфоните на некои посреќни деца и возрасни од други делови на планетава. 

За Четворката

Скот Галовеј е професор по Маркетинг и бренд стратегија на њујоршката Стерн школа за бизнис. Во декември 2014-та човекот храбро предвидува дека акциите на Амазон ќе почнат стрмоглаво да паѓаат. Од тој момент до декември 2015-та вредноста на акциите на Амазон се зголемува за два пати. Без разлика на тоа, човекот знае што збори.

Животот на ловците на мафијаши

Официјалното име на единицата е Catturandi (доаѓа од – да се фати), иако тие себе се доживуваат како Банда лавови, најпрепознатлив дел од облеката им се ски-маските што е најмногу што некогаш јавноста ќе се приближи до нивниот идентитет и според нивни зборови, ги нема повеќе од 20 луѓе. Задачата им е лов на италијанските мафијашки босови.

Муслиманките во Британија мора да зборуваат англиски

Треба да им се спротивставиме на сите муслимански мажи кои со себе носат "назадно" однесување кон жените, што не е карактеристично со земјите и времето во кое живеат, порача религиозно и родово освестениот премиер на Британија.

Датумот на Велигден ќе биде фиксиран во рок од 5 до 10 години

Надбискупот од Кентербери процени дека христијаните наскоро ќе имаат еден заеднички и фиксиран датум за обележување на христовото воскресение. Традиционалистите уште сега се потат.

Кафе или чај?

Во категорија "повеќе кофеин" несомнен победник е кафето. Шоља чај има околу 40 милиграми кофеин, што е половина од количината што ја има во шоља обично филтер кафе (од 80 до 115 милиграми).

НАСА се сети

НАСА соопшти дека формирала ново работно тело кој ќе каже што да се прави ако некој астероид (од оние кои ги истребија диносаурусите) оди накај нас. Интересно е кога ќе сфатиш дека до вчера немале нешто такво.

Се сеќава ли некој на Џемал Биједиќ?

На денешен ден 1977-ма година во авионска несреќа загина Џемал Биједиќ, висок функционер на тогашната СФРЈ и близок соработник на Тито. Неговата смрт се памти како фитил за една од првите масовни, но претпазливо ширени теории на заговор во тогашната држава.

Нетфликс годинава ќе потроши 6 милијарди долари на содржини. Шест. Милијарди.

Разговарајќи со новинарите околу дебатата "дали им премногу телевизија", ставот на директорот за содржина на Нетфликс е - и да има, другите ќе треба да се забават, бидејќи тие не планираат.

Газда, алал да ти се парите

Секој што ќе го прочита ова сигурно е меѓу 99% небогати луѓе на светот, и според последните математики сите ние 99-проценташи да се собереме, пак ќе имаме помалку пари од најбогатиот 1%.

Машки грип

Студија на Џон Хопкинс Универзитетот покажува дека жените се речиси отпорни на грип, и тоа од иста причина заради која се отпорни и на логика - естроген.

Како ја хакираа индустријата на виски

Вискито има само еден проблем во освојувањето на светот, фактот дека неговиот вкус доаѓа по долготрајно одморање во дабови буриња. Но, има проекти кои ветуваат дека шмекот на дрвото ќе го вбризгаат во течноста за многу кратко време.

Статијата не ми успеа

Прво и основно што Шон Пен сака да разјасни е дека со Ел Чапо се виделе неколку месеци пред да биде уапсен, и дека тоа не било ни приближно близу до местото во кое е уапсен.

Колку треба да бидеме извадени од памет од тефлон?

Откако заврши на суд во неколку заеднички тужби, Дупонт своеволно одлучи во производството на телфон повеќе да не ја користи хемикалијата Ц8 (перфлуорооктаноинска киселина) за која се покажа дека компанијата уште од 1961-ва година знаела дека има поврзаност со најразлични видови рак, заболувања на тироидата, висок холестерол и проблеми при бременост.

Како хакерите ја соборија енергетската мрежа на Украина

Попладнето на 23-ти декември, десетици илјади жители на Киев и западните делови на Украина остануваат без струја. На техничарите им требаа повеќе од 6 часа за повторно целосно да ја вклучат струјата. За безбедносните сили нема сомнеж дека целата работа е дело на Русите.

"Другата страна" не е глупа

Чувството дека само ние и нашите пријатели сме останале нормални е една ехо - комора во која одекнуваат и се засилуваат само сопствените мислења и одеднаш почнуваме да веруваме дека ја познаваме Македонија.

Како на Лудиот Макс му успеа да добие номинација за Оскар

Од летни акциони блокбастери не се очекува да добијат една, а не па десет номинации за Оскар, уште помалку меѓу нив да има и по една за Најдобар филм и за режисер.

Кинескиот шопинг низ Европа

Кинезите последниве неколку месеци дома имаат сериозни проблеми со берзата. Надвор од дома Кинезите немаат никаков проблем со купувањето на најразлични компании низ Европа, посебно во Германија. Не само што немаат проблем, туку се и неочекувано галантни.

Како со еден потег да напнеш и конзервативци и феминистки

Шпанска парламентарка (од новоизбраните) одлучува своето бебе да го донесе на работа, ама не во бекстејџ, туку на нејзиното место во главната сала за седници на Парламентот.

Затвора Ал Џезира Америка

Неодржлив бизнис модел е причината која е наведена во одлуката за затворање на американската филијала на глобалната новинска мрежа. Последниот работен ден за Ал Џезира Америка е 30-ти април. Наместо на телевизија, повеќе ќе се посветат на интернет.