Шон Пен за интервјуто со Ел Чапо

Статијата не ми успеа

Прво и основно што Шон Пен сака да разјасни е дека со Ел Чапо се виделе неколку месеци пред да биде уапсен, и дека тоа не било ни приближно близу до местото во кое е уапсен.

Во интервју со Чарли Роуз, Пен објаснува дека немал ништо со апсењето на Чапо и "многу е јасно дека мексиканската влада беше многу понижена што ние (за интервјуто за Ролинг Стоун) го најдовме Ел Чапо пред нив."

"Ама никој не го најде пред нив. Ниту ние - ние не сме попаметни од ДЕА или мексиканското разузнавање. Ние имавме контакт со чија помош успеавме да добиеме покана за интервју," објаснил Пен.

Тоа што треба да се правда пред народ дали довел или не до апсењето на Ел Чапо и не е најголемото каење на Пен. Многу поголем проблем му е што комплетната дискусија околу интервјуто со Ел Чапо ја има утнато целта на неговиот текст за Ролинг Стоун:

"- Ајде да ја погледнеме големата слика, што сакаме да постигнеме. Сите сакаме да го решиме проблемот со дрогата. Сите сакаме - да престанат убиствата во Чикаго. Сите ние сме консументи. Без разлика дали се согласуваш со Шон Пен или не, тука пак има соучесништво. И ако си од моралната десница, или радикалната левица, подеднаков број на ваши деца пак ќе користат дроги... И колку време потрошивме од минатата недела, од излегување на текстот, разговарајќи за ова? Еден процент? И тоа мислам дека великодушна бројка.

- Сакаш да кажеш дека немаше многу дијалог околу...

- Мојата текст не успеа.

- Како резултат на Ел Чапо?

- Да бидам јасен. Мојот текст не успеа."

 

Комплетниот текст на Шон Пен за Ролинг Стоун, тука

15 јануари 2016 - 16:34