Таг: Шон Пен

Дебитантскиот роман на Шон Пен е многу лош

„Писателот Пен мора да биде сопрен“. „Дебитантската книга на Пен - одбивна и глупа“. Вака гласат критиките на Bob Honey Who Just Do Stuff, првиот роман на славниот актер, со кратка кариера на меѓународен репортер и екс-маж на Мадона.

Холивуд, Хавана и јас

Изборите во САД, Шон Пен ги дочекува во Даблин. Некаде до полноќ по ирско време од повремено гледа вести, и спокојно заспива "самоуверено, арогантно, непогрешливо уверен дека изборите ќе ги добие Хилари Клинтон, и демократите." Кога се буди, станува свесен за шокот, Доналд Трамп е претседател. Во САД се враќа во периодот околу смртта на Кастро.

Конечно филм за психијатрискиот случај кој бил еден од креаторите на Оксфордскиот речник

По скоро дваесет години откако се купени правата за филмот, Гибсон и Пен ќе играат во „Професорот и лудакот“, за човек кој своите 10,000 лексикографски единици ги испраќал во Оксфордскиот речник од - психијатриска болница.

Статијата не ми успеа

Прво и основно што Шон Пен сака да разјасни е дека со Ел Чапо се виделе неколку месеци пред да биде уапсен, и дека тоа не било ни приближно близу до местото во кое е уапсен.

Контроверзите околу интервјуто на Шон Пен со Ел Чапо

Професионалните новинари скандализирани од „глумењето" новинар на холивудскиот глумец, кој според нив погазил куп етички принципи во портретирањето на нарко-босот. A да не се они малку љубоморни?

Шон Пен и вие

"Делот од нашето општество што е идиократија... она што тие го разбираат е како да се закачат на некоја тема, кој, што, како кажал... и ако можам ова да го ставам во категорија и ако го критикувам ќе имам многу другари на Твитер... на една минута..."

„Во дивината" (2007)

Напишана и режирана од Шон Пен по книга на писателот и планинар Џон Кракауер, ова е вистинска приказна за момче кое одлучува да се одметне, живеејќи во дивините на Аљаска. Филм за сите оние кои некогаш помислиле да ги „снема", ја читале „Валден" и ја сакаат музиката на Еди Ведер.

Вотерс: Фокландите се на Аргентина

Основачот на Пинк Флојд го навлече бесот на сонародниците осудувајќи ја политиката на Лондон кон Фокландските острови. „Мислам дека тие треба да бидат Аргентински. Загрижен сум заради тоа што островите се користат како аргумент за тесни политички цели, прво од страна на Тачер, а сега и од Камерон“, изјави тој во интервју за Гардијан.