На прашањето дали се плаши дека ќе го прогласат за издајник, Вотерс одговорил негативно: „Мене ми е срам заради колонијалното минато. Не се гордеам што пред 150 години и повеќе како Британска империја сме краделе, насилно сме одземале и силувале, повеќе од сите останати. Тој вид империјализам не е нешто со коешто јас, како Англичанец, би требало да се фалам“.
Вотерс следната недела треба да одржи девет концерти во Буенос Аирес, пред над 370,000 Аргентинци, кои буквално ги разграбиле картите кога биле пуштени во продажба.
Минатиот месец уште една славна личност, американскиот актер Шон Пен, ја вознемири јавноста во Велика Британија воочи 30-годишнината од Фокландската криза, во која погинаа 900 луѓе. Тој во разговор со аргентинската претседателка Кристина Кирчнер истакнал дека е целосно на страната на нејзината земја по прашањето на припадноста на островите.