Тед Сарандос на средба со новинарите се отворил дека компанијата не ја интересира дали моментално има премногу телевизија.
"Во 2016 ќе потрошиме околу 5 милијарди долари на содржини по основа на профит и загуба, што значи околу 6 милијарди долари во кеш. Имаме глобална мрежа за водење... која не можеш да ја споредиш ниту во бизнис, ниту во културолошка смисла...," објаснил Сарандос.
Нетфликс моментално има 70 милиони претплатници.
Претходниот ден, ЦЕО-то на ЕфИкс каналот, Џон Ладграф, ја повтори својата забелешка дека има премногу содржини, која се базира на статистиката дека во 2015 телевизиските мрежи и стриминг сервисите лансираа над 400 нови телевизиски шоуа (бројка во која не се вклучени реалните програми).