Кали Лионс е авторка на Stain-Resistant, Nonstick, Waterproof and Lethal: The Hidden Dangers of C8, која како новинарка подолго време пишува за контроверзиите околу Ц8 и неговата сеприсутност.
Таа објаснува дека речиси и нема некое пристојно парче кујнска опрема што нема тефлон во себе, а исто важи и за добар дел од предметите низ домаќинството. Според Лионс иако во 2015-та глобалните производители дале ветување дека повеќе нема да користат Ц8, меѓутоа сите тефлон производи кои се претходно произведени во себе ја содржат штетната состојка. Ц8 внесуваме преку се тефлонско што е произведено од 1951-ва до 2015-та "посебно ако тоа нешто го користиме за готвење."
"Значи според тебе моментално секој во себе ги има овие хемикалии?
Да, секој. Националниот институт за здравје не може да најде некого да тестира кај кој ја нема оваа состојка. Едноставно не можеш да најдеш човек кој во моментов во својот крвоток нема Ц8. Не е само од нашата директна употреба, туку тоа се пренесува преку плацентата, па мајките ќе го пренесат на своите неродени деца. Всушност тоа се зголемува – се биозголемува па децата на крај завршуваат со многу повеќе отколку нивните мајки. Нивоата кај мајките се пониски отколку нивоата кај нивните деца, и кај нас ова е посебно опасно, бидејќи мајките во САД имаат некои од највисоките нивоа на Ц8 во светот," одговара Лионс.
Нејзината процена е дека хемикалијата може да се исфрли од организмот, ама за тоа се потребни години, во кои треба континуирано да не бидеш изложен на тефлон, што е речиси невозможно. За да ја долови сеприсутноста на тефлонот, Лионс наведува дека дури и кесичките за правење пуканки во микро-печка се обложени со смеса речиси идентична на тефлон.