"Таквите прашања ме вознемируваат и нервираат", ѝ плесна Сандерс на модераторката на последната дебата на демократските кандидати за претседател кога таа му даде прилика да го коментира познатиот секс скандал во Белата куќа во која главен јунак беше тогашниот претседател а сега само сопруг на неговата најлута ривалка, Хилари Клинтон.
Берни Сандерс рече дека скорешните индискреции во врска со животот на Бил Клинтон се "комплетно понижувачки и неприфатливи" и дека е иритиран што воопшто го прашуваат за тоа. Се пожали дека медиумите премногу вршат притисок врз него да ја напаѓа Хилари на тој начин, но дека тој не планира со подмолни удари да стигнува на насловните страници.
- Па не морате да одговорите на тоа прашање, му рече модераторката Андреа Мичел.
- Ако не да одговорам, тоа е па сторија за некои други насловни, одговори Сандерс потсетувајќи дека се соочува со Хилари Клинтон и третиот учесник во дебатата, гувернерот Мартин О' Малеј, за да зборуваат за прашања кои се важни за животите на Американците.
А не дека тие двајца се штедеа на дебатата. Хилари Клинтон го обвини Сандерс дека повеќепати кокетирал со лобито на производителите на оружје а тој ја запука заради врските со коруптивниот финансиски систем и мрсните говорнички хонорари кои ги добива од Голдман Сакс.