Новоформираниот PDCO (Planetary Defense Coordination Office) специјалиирано ќе се занимава со сценарија во кои Земјата е во непосредна опасност од удар на некое вселенско тело.
Од НАСА порачуваат дека во моментов не постои таква опасност но дека случаите како оној со огнената топка во Чељабинск од 2013 година или пак неодамнешното недетектирано приближување на астероидот Хеловин ги потсетиле дека треба да се постојано будни и со очи кон небото.
Во описот на работата на ова координативно тело ќе биде комуницирање со јавноста и правење проценки дали и што може да се направи.
За ситуацијата горе даваат оптимистички бројки иако тие и не се баш такви. На пример, НАСА вели дека досега успеале да лоцираат 90 проценти од астероидите со дијаметар од еден километар кои ни се во близина. Но тоа значи дека за нив остануваат цели 10 непознати проценти а се претпоставува дека само еден таков би можел да ја доведе оваа планета до состојба поради која своевремено исчезнаа диносаурусите.
Од оние помалите од по стотина метри познати им се 40 проценти но веруваат дека до 2020 ќе успеат да попишат околу 90 %.