Газда, алал да ти се парите

Секој што ќе го прочита ова сигурно е меѓу 99% небогати луѓе на светот, и според последните математики сите ние 99-проценташи да се собереме, пак ќе имаме помалку пари од најбогатиот 1%.

Оксфам пред почетокот на Светскиот економски форум во Давос објави извештај базиран на бројките од Кредит Свис групацијата, според кои најбогатиот 1% во светот моментално има повеќе пари отколку остатокот од човештвото заедно. Нивните очекувања беа дека ова ќе се случи следната година.

Во извештајот има и поразочарувачки бројки како таа дека моментално 62-та најбогати луѓе, се подеднакво богати како и 3,5 милијарди најсиромашни (50% од светската популација). Пред пет години за овој подвиг беше потребно да се соберат 388-те најбогати луѓе.

Имотот на најбогатиот еден процент од 2010-та пораснал за 44% и изнесува 1760 милијарди долари, додека на најсиромашната половина од светската популација паднал за 41% и се движи некаде под 1000 милијарди долари.

Организацијата порачува дека даночните пропусти што владите ги оставаат во законите го овозможуваат овој раст, нивната процена е дека супербогатите имаат скриено околу 7600 милијарди долари со помош на даночните раеви.

Целиот извештај на Оксфам, тука

18 јануари 2016 - 12:03