Што е подобро за тебе

Кафе или чај?

Во категорија "повеќе кофеин" несомнен победник е кафето. Шоља чај има околу 40 милиграми кофеин, што е половина од количината што ја има во шоља обично филтер кафе (од 80 до 115 милиграми).

Она што научниците го знаат е дека успешноста на пијалокот да ве освести сабајлечки, не се сведува исклучиво на количината кофеин, па така на пример од иста количина кофеин од кафе и чај, ова второто ќе има многу поопсежно влијание врз будењето на твојот организам.

Најголемата предност што чајот ја има во однос на кафето не е како влијае на вашето расонување, туку на вашето заспивање. Иако и кафето и чајот придонесуваат до горе-долу идентична будност и внимание во текот на денот, проблемот за пијачите на кафе е што нивниот пијалот сериозно им го нарушува спиењето и имаат полош сон. За разлика од нив, тие што се налевале со чај имаат далеку помирно спиење.

Чајот претрпува пораз во категоријата "кој повеќе ги валка забите", заради природните пигменти во него кои е поверојатно да се прилепат за глеѓот на забите.

Една од посериозните предности на пиењето е чај е неговото смирувачко дејство врз психата, а освен тоа, луѓето кои ијат по 3 шољи чај на ден имаат 37% понизок ризик од депресија отколку оние кои не пијат чај. Кај кафето ситуацијата е сосема спротивна, прво ти ги разигрува нервите и трпението вон посакуваните граници, и второ го зголемува ризикот од депресија за околу 8%.

Како што објаснува Дејвид Робсон во текстот за БиБиСи, проблем со последната ставка е што таа не е доволно опширно тестирана за да може да се прифати како факт.

"Резултат: без разлика колку ние Британците би сакале чајот да биде чист победник, мора да признаеме дека има малку разлика меѓу двата пијалока, ако се тргне на страна личниот вкус. По основа исклучиво на фактот дека ти дозволува навечер подобро да спиеш го прогласуваме чајот како победник," заклучува Робсон.

 

18 јануари 2016 - 15:58