За Четворката

Скот Галовеј е професор по Маркетинг и бренд стратегија на њујоршката Стерн школа за бизнис. Во декември 2014-та човекот храбро предвидува дека акциите на Амазон ќе почнат стрмоглаво да паѓаат. Од тој момент до декември 2015-та вредноста на акциите на Амазон се зголемува за два пати. Без разлика на тоа, човекот знае што збори.

Галовеј прво ги дава бројките од успехот на Четворката - Амазон, Епл, Фејсбук и Гугл. Нивната вкупна пазарна вредност во 2015-та е еднаква на БДП-то на Канада, "за да ви биде појасно тоа е како економската моќ на Канада да е распределена меѓу жителите на Лоуер Ист Сајд (населба во Њујорк која има околу 80 илјади жители)."

- пазарната вредност на Гугл во јануари 2016-та е поголема отколку пазарната вредност на Дизни, Комкаст, ДиректТВ, Виаком, СиБиЕс, Публицис, Омником, Твенти сенчури фокс и уште неколку компании заедно.

- на Амазон отпаѓа 42,7% од вкупната онлајн продажба во САД, следните десет најголеми продавачи по него имаат заедно 24,9%. Слично е и во Европа.

- "Фејсбук продолжува да е најуспешното нешто во историјата на времето... имаме 1,1 милијарди луѓе кои се идентификуваат како католици, имаме 3,4 милијарди луѓе со сериозна врска со Фејсубк."

- тешко е да се најдат доволно компании за да се прикаже растот и успехот на Епл. Само во 2015-та растот на приходите на Епл е еднаков на вкупните приходи за 2014-та на Луи Витон, Коуч, Керинг, Мајкл Корс, Ерме, Прада и Ришемон.

"Кога компании растат по 20% годишно во економија која расте по 2 до 3 проценти годишно, тогаш мора да има и некој на губитничката страна од оваа математика.

Во Игра на тронови, Калиси има змаеви кои на почетокот може да ги храни со глувци и кози, ама како што змаевите растат тие имаат потреба да јадат цели градови. Исто е и со овие компании. Не е прашање дали овие компании ќе влезат во авто-индустријата, телевизијата или малопродажбата, тие немаат друг избор освен да влезат во ова, затоа што се премногу големи и нивниот нескротлив глад ќе ги натера да го изедат кој било град за да продолжат да растат," објаснува Галовеј.

Целото предавање на Галовеј

19 јануари 2016 - 11:22