Вести

САД ја притискаат Европа да одмрзне руски милијарди

Соединетите Држави побарале од европските земји да деблокираат дел од руските државни пари, кои беа замрзнати по инвазијата врз Украина, и да ги префрлат во посебен механизам под надзор на Вашингтон. Ова е дел новата американска иницијатива за заживување на преговорите за крај на војната и за постигнување сеопфатно мировно решение за Русија, Украина и Европа.

Како млекар го преплаши Трамп од нуклеарна закана од Иран

Трамп и луѓето од неговиот најтесен круг се опседнати од заканата дека Иран би можел да активира нуклеарна бомба која би спржила сè што работи на струја во САД. Иако физичари објаснуваат дека Техеран нема оружје за електромагнетен пулс, Трамп со години е под влијание на предупредувања од њујоршки млекар, кој вложи милиони долари на лобирање и кревање паника.

Британија ги отпиша Британците од пазарот на труд

Британската економија создава стотици илјади нови работни места секоја година, но невработеноста на Британците сепак се зголемува поради увозот на евтина работна сила. Владите во континуитет не се грижеле за надградување на вештините, здравјето и изгледите за вработување на Британците и на тој начин го преоптовариле системот за социјална помош.

Речник

Европа се откажува од трката за ВИ

Европските влади и Брисел се повлекуваат од амбициозните намери да развијат сопствени напредни модели со вештачка интелигенција за да стекнат технолошка независност. Пресметале дека е попаметно напорите да се пренасочат кон новата политика: Европа не треба да поседува свои модели сè додека не може да ги стави во функција американските и кинеските.

Норвешката војска самата се шпионирала за Кинезите

Решавајќи логистички проблеми со транспортот на резервисти, норвешката територијална одбрана потенцијално доставила чувствителни снимки до Кина. На војници што учествувале на воени вежби им организирала превоз со изнајмени кинески автомобили со камери што снимаат сè наоколу. Членката на НАТО продолжила да ги користи дури и откако бил откриен пропустот.

Трамп турка нов мировен план за Украина

Дозволата што Трамп ѝ ја даде на Русија да извезува дизел, која го изненади Зеленски и предизвика бурни реакции од Европа, всушност е само дел од сеопфатен план за крај на војната во Украина. На Киев му се нудат безбедносни гаранции и пари за обнова на земјата, а Русија би добила енергетски проекти и долгорочен извоз на нафта и гас на европскиот пазар.

Сега и либерална Америка почна да се вооружува

Досега водено како главно обележје на десницата, и тоа посебно на нејзиниот крајно неразумен дел, поседувањето оружје стана сè позачестено и за левиот дел од Америка под сосема разумното оправдание дека по изборот на Трамп, тие се подготвуваат за колапсот на општеството. Освен главниот лик, алибито е верна копија на тоа што десницата го збореше последните 8 години.

Не, кучињата не ви се деца

Во една бракоразводна парница канадски судија морал да им објаснува зошто во нивната разделба, законот не може нивните кучиња да ги третира како што се третираат децата во иста ситуација.

400.000 Белгијци добиваат пари за да возат точак до работа

Бројката е нешто ситно над 400 илјади велосипедисти субвенционирани од белгиската влада да користат велосипед за да стигнат до работа, за што во просек добиле субвенции од нешто над 230 евра годишно.

Неподносливата леснотија на наоѓањето фашизми

Прелесното расфрлање со поимите фашизам и фашисти доведува до нивна инфлација - колку повеќе ги има во оптек, толку помалку вредат или нешто навистина значат. Наместо прецизна вредносна содржина, се добива обична навреда која зачестено служи за дисквалификација на политичките противници. А има нешто примамливо и во тоа што кога ќе го прогласиш противникот за фашист, во своите очи автоматски стануваш антифашист.

Што знае млад човек што е омекнувач

Со години паѓа продажбата на омекнувачите за алишта, а глобално најсилните производители на таквите средства мислат дека на младите не им е најјасно за што служат тие.

(Глумењето) зафатеност како статусен симбол

Точно е дека работата го создала човекот, но неработењето го има создадено господинот. Некаде на половина на минатиот век работите почнуваат да се менуваат.

Полека малку, не почнува нова Студена војна

Како Бугарин можам да ви кажам дека меѓународните медиуми изборите во малите европски земји ги покриваат исто како што професор по литература чита шпионски роман: интересна занимација, ама за кратко ги заборава ликовите, а не му е многу гајле и ако наративот се испомеша. Обично ова не е проблем, ама следната година може да биде.

Русите се криви!

На социјалните мрежи се појави хаштагот #RussiansDidIt, кој Руска реч го објаснува како „три едноставни збора што помагаат да се извадите од која било непријатна ситуација“.

Синовите на Трамп шиткаат состаноци со татко им

Трамп Јуниор и Ерик Трамп нудат приватни средби со татко им во замена за донација од 25.000 до 1 милион долари, објавува американскиот Центар за јавен интегритет.

Икеа до тинејџери: Дај бе дома спијте си

Летово двајца тинејџери снимаат видео како преспиваат во Икеа, видеото прво добива над 1,5 милиони прегледи на Јутјуб, а потоа и дузина следбеници, тинејџери, кои го копираат нивниот пример.

Како Хилари настрада поради Бил

Гревот на Клинтонови, отплатен во ФБИ-истрага на само неколку дена пред гласањето, е што и двајцата идентично чувствуваат дека „правилата не важат за нив“.

Брегзит проблемот на Тереза Меј

По неодамнешниот неуспешен состанок на Тереза Меј со нејзината сојузничка Ангела Меркел, британската премиерка објави дека „ѝ треба време малку да се прибере“. Како што пишува поранешниот полски заменик-премиер, Ростовски, по почетната постреферендумска ароганција и еуфорија, станува сè појасно дека владата на Меј комплетно погрешно ја проценила реакцијата на ЕУ во однос на брегзит.

МИТ сака сите да ги претвори во земјоделци

Компјутерот за храна е производ на МИТ, кој го создаваат по комплетниот крах на јапонското земјоделство предизвикан од цунамито и нуклеарната катастрофа во Фукушима, инаку главниот земјоделски регион во земјата. Сега од МИТ сакаат секој сам да го направи компјутерот и да се зафати со земјоделство.

Коментарите на сајтовите создадоа вакви гневни избирачки тела

На луѓето веќе не им се ни потребни информативни текстови за да побрзаат своето мислење да го напишат во коментар. Доволно е да го видат насловот и да се испукаат (од себе) и исплукаат (со друг). Коментарите се покажаа како магнет за секакви отрови. А и голем мерак е кога на офф ќе напишеш долг текст и замислуваш како некој неупатен идиот се мачи да скрола до доле за да дојде до местото за коментар.

Во Алепо нема партизани

Во западните извештаи од Алепо нема да ги сретнете имињата на групите што се борат против војската на Башар Ал Асад. Во тие извештаи сите тие ќе бидат означени како „бунтовници“, небаре се Титовите партизани што со храброст и пожртвуваност ја ослободија Југославија од нацистите. А не се.

Од ЕФФ до технолошка индустрија: бришете сè што имате

ЕФФ е непрофитната група што на глобално ниво се бори за дигиталните права на корисниците. На неколку недели пред доаѓањето на Трамп во Белата куќа, тие закупија цела страница во магазинот Вајард за својот проглас до комплетната технолошка индустрија.

Тифани и ко. версус барикадите и Трамп

Една од најлуксузните продавници во Њујорк, Тифани, е лепенка со една од моментално најобезбедуваните згради во Њујорк, Трамп тауер. Ова само по себе значи многу полиција и многу барикади, а ништо од овие две работи не е ни најмалку луксузно.

Не е важно какви врски имаш во болница, важно е да ти се падне докторка

Докторите се посмртоносни за пациентите отколку докторките, ако целата нивна работа се сведе на бројки и чиста статистика.

Почина Никола Тесла на залетнувањето

Почина изумителот на техниката што од задушување со храна има спасено илјадници луѓе. Иронијата овојпат беше на распуст: доктор Хенри Хајмлих почина на фини 96 години, од срце.

Приказната за Евреинот што беше причина за Кристалната ноќ

На 7 ноември 1938 17-годишниот Хершел Гринспан влегува во германската амбасада во Париз и со пет истрели го убива дипломатот Ернст вом Рат. Ова беше алибито за на 9 ноември паравоените нацистички единици и цивили во Германија да ја спроведат Кристалната ноќ, во која се убиени 91 Евреин, а над 30.000 Евреи се уапсени и затворени во концентрациони логори.

Чешка банка на годината

Една од најголемите банки во Чешка реши да ги повлече своите реклами од веб-сајтови што се занимаваат со дезинформации, пропаганда и лажни вести за политичко навивање.

Југословенските „Момци од Медисон“

Во прашање е бизнис-ориентација, а не филозофија на потрошувачко општество, гласеше мотото под кое загрепската маркетинг-агенција Озеха од 1945-та на југословенските претпријатија им го продаваше капитализмот спакуван како социјализам.

На Елон Маск му се копа

Човекот што веќе сериски произведува електричен автомобил (и комплетно ја поремети автомобилската индустрија), го направи најефикасниот и најдобар систем за собирање сончева енергија, направи соларни керамиди, работи на вселенска ракета за повеќе употреби и работи на хиперлуп-технологија, рано во саботата објави дека сега му се копа под земја и му се прават тунели.