Парите на вработените им ги исплаќаат компаниите, кои потоа трошоците можат да ги одбијат од данокот што треба да го платат на крајот од годината. За годинава по оваа основа исплатени се вкупно 93 милиони евра.
Во рок од 5 години, бројот на луѓето што земаат субвенции по оваа основа се зголемил за речиси 100 илјади, од 314.000 вработени во 2011 на 406.000 во 2016.
Освен бројот на луѓето, се зголемил и просекот на извозени километри до работа, па ако во 2011 тој изнесува 944 километри, во 2015 тој стигнал до 1.045 километри.
Надоместокот се базира на извозени километри за секој вработен посебно и изнесува 0,22 евра по километар. Процените се дека годинешниот просек од 230 долари по велосипедист е далеку од максимумот, кој би можел да изнесува 1.386 евра годишно (според равенка во која вработениот живее на 15 км од работа и вози 210 работни дена годишно).