Вести

Европската автомобилска индустрија сама си ја копа дупката

Кризата во автомобилската индустрија во Европа не е само последица на кинеската конкуренција, слабата побарувачка и поскапата енергија. Производителите предолго инвестирале во мотори со внатрешно согорување, краткорочна профитабилност и дивиденди, а предоцна во производство на батерии, електрификација и развој на софтвер, заклучуваат економисти на Allianz.

Се претерува со дијагнозите за АДХД заради бенефиции

Системот за социјална помош во Британија е една од главните причини за огромното зголемување на бројот на дијагнози на аутизам и АДХД. Медицинските потврди отвораат порта кон финансиски стимулации, лични бенефиции и поддршка во училиштата и работните места. Ова има несакани последици, затоа што дијагнозата може да стане дел од идентитетот.

Американските тинејџери го отфрлаат ЛГБТ идентитетот

Анализа на неодамна објавените податоци од Центрите за контрола и превенција на болести покажува нагло опаѓање на бројот на млади тинејџери во Америка кои се идентификуваат како лезбејки, геј или бисексуалци. Меѓу девојчињата во деветто одделение бројките се преполовени. Политиката на администрацијата на Трамп веројатно има влијание, но не е единствениот фактор.

Речник

Оделото го откри Трамп колку му е Америка на прво место

Доналд Трамп даде уште еден повод да го викаат евтин лажов и лицемер откако за време на предизборен партиски митинг во Небраска, несакајќи откри од каде ги купува неговите костуми. Се работи за нискобуџетниот бренд Jos. A. Bank, кој ја произведува својата облека во земји како Кина и Бангладеш.

Трамп ги отвори секташките рани на Блискиот Исток

Доналд Трамп неодговорно си поигрува на Блискиот Исток со сили кои не ги разбира, што може да доведе до катастрофални последици. Ги разгоре длабоките секташки тензии вкоренети во Либан, Сирија и Ирак, па сè до Јемен и Бахреин на другиот брег на Заливот. Нови граѓански војни ќе испратат нов бран бегалци кон Јордан и Турција, а потоа и кон Европа.

ЧетГПТ, Клод и Џемини решаваат изборни трки

Јазичните модели со вештачка интелигенција се „воспитани“ да бидат политички неутрални, но може да имаат огромно влијание врз исходот од изборите во САД за пратеници, сенатори и гувернери во ноември. Приближно една петтина од возрасните Американци се изјасниле дека се консултираат со чет-ботови за да следат вести за изборите и да споредуваат кандидати.

Рајанер предвидува лоша зима за летање

Неколку европски нискобуџетни авиопревозници затворија дуќан а најголемиот од нив, Рајанер, ќе мора да ги ревидира бројките со кои ќе ја заврши оваа година. Што заради цената на горивото, што заради синдикални протести.

Француските професори буквално на нишан

Откако Франција беше извадена од памет од видеото со средношколец како со пиштол и се заканува и ѝ мавта пред очи на својата професорка, обидот за смирување на јавноста се сведе на - се шегуваше младичот.

Движењето Пет ѕвезди во Рим не е ни блиску до пет ѕвезди

Од улици начичкани со преполни контејнери, до кратери на улиците и автобуси што експлодираат, на локалните власти во Рим последно нешто што им е на список проблеми е да се објаснуват дали се „популисти“ или не.

Има и бетер од пушење цигари, и се вика кауч

Во категоријата „најголем проблем за вашето здравје“ немањето физичка активност е поштетно отколку пушење, дијабетес и срцеви заболувања.

Не е само до популизмот, сè се менува

По месеци кревање паники околу подемот на крајната десница во Баварија, на крајното пребројување АФД со 10,2% беше на антиклимаксно 4-то место по бројот на гласови. Она што ретко кој го спомна во прогласувањето на „историскиот пораз на ЦСУ“ е дека и левата Партија на зелените на овие избори имаше 8,9% повеќе гласови во споредба со претходните.

Најголем ризик за пандемија се виралните дезинформации

Следната смртоносна пандемија нема да се случи затоа што човештвото е слабо со превентивни научни методи и техники туку затоа во ова дигитално време, луѓето меѓусебно лесно се заразуваат со лажни информации и глупоштини.

Советот на Макрон доби среден прст

Момчето кое доби шанса да се слика со Макрон и ја искористи за да покаже среден прст, подеднакво го искористи и советот од Макрон да го смени својот начин на живот (да не биде криминалец) и е уапсен заради поседување дрога.

Што мајка бараше Кид Рок во Белата куќа?

За да го поддржи Трамп со чиј потпис стапи во сила законот за музичка модернизација. Што е закон за музичка модерницација? Комплицирано.

Кога на Јутјуб ќе му стемни, на Порнхаб му разденува

Најмасовната видео платформа на светот, пар часа во вторникот беше рикната и сервисот не беше достапен. Додека најтешките зависници од Јутјуб ги беше фатила паника како да им се прекинал довод на кислород, други, попаметни, се сетиле да помислат на она што им е при рака.

Бошњаците бараат забрана на Његош... во Црна Гора

Повеќе бошњачки организации бараат од министерството за образование и култура на Црна Гора да ги забранат и тргнат од училишната програма „Горски венец“ на Петар Петровиќ Његош и „Пешчаник“ на Данило Киш.

Коѕијас отвори многу, затвори малку

Уредникот на англиското издание на Катимерини оценува дека довчерашниот шеф на грчката дипломатија имал намера да затвори што е можно повеќе отворени прашања кои долго траат и не ѝ одат во прилог на Грција за да може земјата конечно да види што ќе прави со клучниот проблем - Турција.

До кога демократите ќе оставаат Хилари да доминира со партијата?

Во понеделникот беше првата годишнина откако Алиса Милано ги повика жртвите на сексуални напади и малтретирање онлајн да ги споделат своите приказни под хаштагот #MeToo, движење кое пред една деценија беше започнато од активистката Тарана Бурк. Сепак, истиот ден со вестите доминираше Хилари Клинтон и нејзината бизарна одбрана на однесувањето на Бил Клинтон додека е претседател.

Северна Македонија? Don’t you ‘North Briton’ me!

Како на гротескната тема околу името гледа еден Шкот, новинар и македонски зет: „Шкотска го сочува својот идентитет со задржување на своето особено културно наследство во рамките на Обединетото Кралство, а Македонија својот тукутака го дава“.

На Закерберг почнаа да му се собираат

Четворица големи инвеститори во Фејсбук ги ставија своите потписи на заедничкиот акционерски предлог за менување на Марк Закерберг од водечката позиција на компанијата заради „лошо справување“ со скандалите.

Кинески бунт против набиени цени на невести

Затоа што се претерало со нерегулираните цени на невести во Кина, локалните власти на повеќе села решаваат да ограничат колку најмногу пари може да се понудат или побараат за невеста.

Не е лесно да се подарат 10 милијарди долари

Примерот со Пол Ален покажува дека не е лесно осмислено да се потрошат блесаво огромните пари кои ги поседува современата елита. Човекот се утепа од донирање и трошење и сепак заврши со дупло повеќе пари отколку што имаше пред да почне да донира.

Елизабет Ворен докажа декa е Скво

Трамп погрдно ја нарекуваше Покахонтас затоа што на колеџ се пријавила како член на малцинството. Ворен прави ДНК тест и му докажува дека има индијанско потекло. И што е тоа битно? Но, ако ништо друго, ова е сигурен знак за почеток на нејзината кампања за претседател на САД во 2020. Можеби сепак ќе имаме за кого да навиваме.

Кога ќе се отвори душа гугловска

Објавата на Гугл дека го затвора Плусот, беше фин повод за еден поранешен дизајнер на Гугл+ да се истури на Твитер се што му лежело на душа околу производот и компанијата во која работел. И тоа траеше неколку денови.

Не многу голема победа, ама мерачка

Предмет: авокадо, богот на веганската исхрана. Тема: има веројатност дека авокадото не е веганско.

Дур си Блинкнал, долгови до гуша

Тим ДеЛонг беше фронтмен на фејкерскиот и јако инфантилен бенд Blink 182 (толку фејк што во урбан речник денес тоа име денес значи „лажен панкер“). Потоа се посвети на сосема друга тема, научни истражувања на НЛО и други феномени. Бетер.

Што ми се допаѓаше кај Пол Ален

Збогување на Бил Гејтс со својот пријател и ко-основач на Микрософт, Пол Ален.

Што и да се случи, гео-инженерингот на планетава е неизбежен

Најверојатниот тајмлајн е дека прво неколку години ќе почне да се прави галама на темата, па потоа ќе излезат сериозни аргументи за алармантноста на ситуацијата, за еден ден да почнете да забележувате се повеќе авиони на небото кои распрснуваат мали честички аеросол кои ги рефлектираат сончевите зраци назад кон вселената.

Колку е подготвена Саудиска Арабија да ја поскапе нафтата заради проблемите околу исчезнатиот новинар?

Пред 45 години Саудиска Арабија беше таа која одлучи да им воведе нафтена блокада на САД заради нивната поддршка на Израел. Сега арапското кралство се соочува со закана од санкции ако во најскоро време не испорача некое објаснување за исчезнувањето на новинарот Џамал Кашоги.

Смогот му се врати на Пекинг

По два месеца сини неба и локални власти кои собираа масовни хвалоспеви, небото над Пекинг повторно се врати на старите 50 нијанси смрдливо сиво.