Барањето доаѓа од Бошњачката академија на науки и уметности, Бошњачкиот национален совет во Црна Гора, Бошњачкиот национален совет во Србија, Бошњачката културна заедница и останати бошњачки организации. Освен до црногорското министерство истото е испратено и до министерствата на сите поранешни југословенски републики.
Главното обвинение е дека двајцата автори преку своите дела, односно со „омраза кон исламот и муслиманите“ создале извор на омраза и судир меѓу народите кои живеат на територија на поранешна СФРЈ. Тие нагласуваат дека „содржината на наведените книги со години е научно-литературна основа за конструирање на националистички и други антицивилизациски и дехуманизирачки односи, посебно кон исламот и муслиманите.“
„Посебно истакнуваме дека антицивилизациската порака на наведените книги придонесе државата Босна и Херцеговина да стане место кое на најдрастичен начин беше изложено на рушителските нагони на двете клучни националистички идеологии на 20-от век, односно на големосрпската и големоцрногорската идеологија, кои беа проектирани преку агресијата против БиХ, кога е извршен геноцид над Бошњаците,“ се наведува во објаснувањето.
Освен што во барањето делата на Његош и Киш се споредени со делата на Адолф Хитлер, авторите на иницијативата бараат од премиерот и министрите на Црна Гора укинување на Његошевата награда, „и со тоа да искажат почит кон муслиманските жртви, Бошњаците и Албанците, кои се извршени во Црна Гора од чистењето на муслиманите кон крајот на 17-от век, до војните во 90-те.“
Тие на црногорските институции им даваат рок од 100 дена да постапат по барањето, пред истото да го поднесат пред ЕУ, О.Н и други меѓународни организации.
Од Министерството за образование на Црна Гора порачаа дека не планираат ништо да сменат.