За да се разбере новиот закон треба да се има на ум дека постојат различни „жанрови“ тантиеми поврзани со музиката а едно парче музика може да има повеќе сопственици. Кога песна се пушта на радио или во јавен простор (кафиќ, ресторан, сала),нејзините автори и издавачи имаат право на „изведувачки (перформанс) права“ (кои пак се различни од репродуктивните). Кога таа песна ќе се пушти на дигитална платформа како Спотифај или Епл мјузик, досегашниот закон тоа го третира како купување ЦД па „механички“ тантиеми им следуваат и на сопственикот на снимката (издавачот) и на сопственикот на ко,позицијата (авторот).
Издавачите кои ја контролираат дистрибуцијата на музиката, ги поседуваат мастерите на снимките и на основа на тоа бараат тантиеми. А авторите пак ги ипоседуваат музичките композиции. Оттука, кога издавачка куќа ќе однесе песна на Спотифај, платформата сепаратно треба да има права и за репродукција на таа песна (авторот).
Тие права досега беа споени во едно, тн „механички тантиеми“ кои им се плаќаа на издавачите а потоа тие во целост или делумно им исплаќаа на авторите (зависи од тоа како договор имаат). Механичките тантиеми беа лесни за исплаќање кога се издаваа нови ЦД-а. Но, бидејќи секое стримање на песна е посебна репродукција, ситуацијата се комплицира. Особено што една песна може да има повеќе индивидуални автори (а со вклучени семплови, башка хаос), па дигиталните платформи не успеваа секогаш прецизно да одредат кој треба да повлече пари од некоја песна.
Досега тие и немаа обврска сопственички да ја “парсираат’ песната, туку само да испратат „писмо на намери“ дека ќе ја пуштаат таа и таа песна до оној за кој мислат дека ја поседува композицијата. А парите од тие тантиеми ги задржуваа кај себе додека авторот не се пријави и докаже дека тој ги има правата за неа.
Тоа ич не се мали пари. Во декември 2017 година, Спотифај беше тужен од една дискографска куќа дека им држи 1,6 милијарди долари неплатени тантиеми.
Законот за музичка модернизација би требало да воведе ред и да ги пополни сегашните дупки; планирано е да се создаде сеопфатна база со податоци за сите видови права и сопственици на музиката. Тоа би требало да и помогне на авторите да се поврзат со своите песни кои досега не им биле препишани ним. Законот треба да им помогне на сопствениците да делат приходи од дигиталните изведби а се затвора и дупката по која музика постара од 1972 година не повлекува тантиеми од дигитално користење.
Од консументска страна не би требало многу да се смени. Ние и онака главно пиратирана слушаме.