Во игра на судбината и прилив на неочекувана космичка правда, Порнхаб собра најголем ќар од краткотрајното паѓање на сервисот на Јутјуб.
Во првиот час откако се рашири сознанието дека Јутјуб е даун, Порнхаб имал за 12% повеќе посети од вообичаените за тој термин, а само час подоцна, сообраќајот им пораснал за 21%. По враќањето на Јутјуб, посетеноста се вратила на стандардното ниво, со благa пост-коитална депресија.
Инаку, од податоците кои ги извади Порнхаб за тоа што најмногу се барало во тие часови на „пријателски и работни посети“, веднаш ќе ви стане јасно кој има дојдено од Јутјуб.
За време на падот, стотици илјади луѓе просто сфатија дека не би знаеле што да прават со себе ако го немаат Јутјуб. Тоа беа моменти на тешки падавичарења, до таму што и полициски станици молеа да не им се јавуваат ним зашто Јутјуб е паднат бидејќи тие не можат да го решат тој проблем.