Студијата на кардиолози од клиниката Кливленд покажала дека слабите резултати на редовните тестови за физичка подготвеност на систематските прегледи (трака за трчање и стрес тест) се поверојатен предзнак на лошо здравје, дури и смрт, отколку висок притисок, дијабетес или пушење.
Пораката на кардиологот Ваел Џабер повеќе е до неговите колеги кардиолози и доктори, кои според него „мора да и го пренесат на јавноста ризикот од физичка неактивност“ и дека тоа е еден од одлучувачките фактори кој влијае на здравјето.
„Ова треба да се третира како болест за која се препишува лекарство, кое се нарекува вежбање,“ објаснува кардиологот.
Неговите заклучоци се базираат на резултатите на над 122.000 пациенти, кои се следени во периодот од 1-ви јануари 1991 до 31-ви декември 2014.
Пресметано во пари, последиците од тоа што Американците не вежбаат годишно се покриваат со околу 200 милијарди долари во здравствени трошоци.
Друга работа што ја имаат заклучено од резултатите на овие 122 илјади луѓе е дека нема горна граница на физичка активност и дека „ниту едно ниво вежбање или фитнес не те изложува на ризици,“ и ова ги опфаќа дури и ултра-спортистите кои имаат пониска стапка на смртност отколку останатите испитаници. Кај луѓето кои не вежбале ништо постои 500% поголема веројатно од смрт отколку кај најактивните.