Пред 4 години ДеЛонг создаде компанија со помпезно име „Ѕвездена академија на науките и уметностите". Освен ентертеинмент дивизија, имаа и сериозен оддел со амбициозни научни планови: истражувања на НЛО и други вселенски мистерии.
За таа цел имале најмено сурија екс државни службеници од агенции како ЦИА и НАСА како и корпоративни ликови кои имаат работено на тајни вселенски проекти.
Академијата лани почна да продава акции за да се добере до капитал потребен за финансирање на замислените проекти. Понудиле акции во вредност од 50 милиони долари, продале само еден милион.
ДеЛонг деновиве призна дека на фирмата не ѝ оди баш најдобро. Поточно, на сметка имаат само 129.000 долари а долговите им се кумулирале на 37,4 милиони долари.
Назад на Блинк -182:
Некој од тие дегени на времето ја имаше кажано следнава зен мисла:
Животот е премногу краток за да трае долго.