Пресвртот за ова може ќе биде кога 10 милиони жители ќе го напуштат крајбрежен Бангладеш и ќе се упатат во Индија, или сличен колосален настан.
Една од причините зошто ова неизбежно ќе се случи доаѓа од извештајот на Меѓувладиниот панел за климатски промени, каде во глава 4 е напишано дека ова е евтино решение и најверојатно ќе помогне.
Иако најголемиот дел од мерките за справување со климатските промени се или преобемни или прескапи, веќе е познато дека „менаџментот на сончева радијација“ е апсурдно евтин. За целата операција потребни се неколку милијарди долари годишно за пренамена на неколку авиони и нивно испраќање во стратосферата каде постојано би исфрлале сулфурни аеросоли се додека планетата не почне да се лади. И според најголемиот дел од научниците ова би помогнало да се олади планетава.
„Секако ова нема да ги поништи сите проблеми што ги имаме. Нема да ја среди киселоста на океаните. Кога ќе го почнеме проектот, некои модели покажуваат дека ние стварно, ама стварно не смееме да престанеме. Постои опасност дека гео-инженерингот ќе доведе од лагодност во борбата за откажување од фосилните горива. И на крај, ова ќе биде експеримент на ниво на цела планета што значи дека има толку многу варијабли што е речиси невозможно да се направат цврсти предвидувања за резултатите.
И сето ова е точно. И сето ова ќе биде заборавено кога цели држави ќе почнат да исчезнуваат под брановите, или недостатокот на храна и гладта ќе стават во 5-та брзина. Авионите може ќе бидат американски, кинески или индиски. Или може некои од најсиромашните држави на светот ќе соберат пари и заеднички ќе го почнат проектот. Меѓутоа авиони ќе летаат, без разлика кое знаме ќе го носат. Технолошкото решавање на нашиот проблем ќе биде премногу примамливо за да се избегне,“ пишува Дејв Левитан во Гизмодо.