Инспирација за ваквиот потег е што цената достигнала 38.000 долари, што е пет пат повеќе од годишната плата во некои од селата. По ново, лимитот е ставен на максимум 2.900 долари.
Сè што ќе биде понудено над ова може да се смета за обид за трговија со луѓе.
И овој проблем потекнува од кинеската политика на едно дете, заради која добар дел од родителите одејќи на машко решава да абортира доколку се покаже дека плодот е женско. Заради ова моментално во Кина има 30 милиони мажи повеќе од жени.
Освен ваквиот дисбаланс, проблем е и што заради економската експанзија се повеќе девојки си заминуваат од селата барајќи работа во градовите и најчесто не се враќаат назад.
Еден од проблемите со новите тарифи е што тие обично предизвикуваат поделби во заедниците во кои се воведени, бидејќи тие се добредојдени од половината што има синови, а се критикувани од семејствата со ќерки.
Вашингтон пост разговара со човек кој има ќерка и порачува дека кога ќе ја мажи неа ќе побара каква цена што ќе посака. И ова не му е од некоја себична цел туку затоа што парите сака да ги даде на семејството на ќерка му кога таа ќе добие деца.
Ваквиот родителски нагон тој го објаснува со: „тоа е пазар, дозволено ми е на пазар колку можам да наплаќам за моите круши. Зошто не и за ќерка ми?“