Вести

Европската автомобилска индустрија сама си ја копа дупката

Кризата во автомобилската индустрија во Европа не е само последица на кинеската конкуренција, слабата побарувачка и поскапата енергија. Производителите предолго инвестирале во мотори со внатрешно согорување, краткорочна профитабилност и дивиденди, а предоцна во производство на батерии, електрификација и развој на софтвер, заклучуваат економисти на Allianz.

Се претерува со дијагнозите за АДХД заради бенефиции

Системот за социјална помош во Британија е една од главните причини за огромното зголемување на бројот на дијагнози на аутизам и АДХД. Медицинските потврди отвораат порта кон финансиски стимулации, лични бенефиции и поддршка во училиштата и работните места. Ова има несакани последици, затоа што дијагнозата може да стане дел од идентитетот.

Американските тинејџери го отфрлаат ЛГБТ идентитетот

Анализа на неодамна објавените податоци од Центрите за контрола и превенција на болести покажува нагло опаѓање на бројот на млади тинејџери во Америка кои се идентификуваат како лезбејки, геј или бисексуалци. Меѓу девојчињата во деветто одделение бројките се преполовени. Политиката на администрацијата на Трамп веројатно има влијание, но не е единствениот фактор.

Речник

Оделото го откри Трамп колку му е Америка на прво место

Доналд Трамп даде уште еден повод да го викаат евтин лажов и лицемер откако за време на предизборен партиски митинг во Небраска, несакајќи откри од каде ги купува неговите костуми. Се работи за нискобуџетниот бренд Jos. A. Bank, кој ја произведува својата облека во земји како Кина и Бангладеш.

Трамп ги отвори секташките рани на Блискиот Исток

Доналд Трамп неодговорно си поигрува на Блискиот Исток со сили кои не ги разбира, што може да доведе до катастрофални последици. Ги разгоре длабоките секташки тензии вкоренети во Либан, Сирија и Ирак, па сè до Јемен и Бахреин на другиот брег на Заливот. Нови граѓански војни ќе испратат нов бран бегалци кон Јордан и Турција, а потоа и кон Европа.

ЧетГПТ, Клод и Џемини решаваат изборни трки

Јазичните модели со вештачка интелигенција се „воспитани“ да бидат политички неутрални, но може да имаат огромно влијание врз исходот од изборите во САД за пратеници, сенатори и гувернери во ноември. Приближно една петтина од возрасните Американци се изјасниле дека се консултираат со чет-ботови за да следат вести за изборите и да споредуваат кандидати.

Луксембург пушти гага јавен превоз за сите, затоа што им се може

Наспроти тоа што се едвај нешто над 600.000 луѓе, Луксембург константно има проблем со сообраќаен метеж. И ова планираат да го сменат со воведување бесплатен превоз.

Што е потребно за Трамп да биде присилен пак да излезе на партиски избори во 2020?

Републиканците не минаа добро на последните избори за Конгрес, а Трамп речиси и да нема ден кога по некоја основа не минува добро. Овие првите имаат сериозен проблем со тоа што се случува, вториов барем за сега глуми дека ништо не го занима.

Европа, наивната сила

Европа е сама. Сама е стратешки и воено, како што тоа уште еднаш се покажа со одлуката на Трамп да ги повлече американските сили од Сирија, оставајќи голема празнина на Блискиот Исток. Сама е и економски, против двата блока - САД и Кина - кои, секој на свој начин, систематски ги таргетира индустриските капацитети на Европа и презема дигитална колонизација на Стариот континент.

ДНК нобеловецот остана без еполети заради расите

Нобеловецот кој ја откри тајната на ДНК остана без сите свои титули, звања и почести поради неговите заклучоци дека расите се разликуваат по својата интелигенција. „Кој работел со црнци, знае,“ го шокираше светот своевремено Џејмс Вотсон. Кај вакви случаи никогаш не ти е докрај јасно дали научникот просто швркнал на стари години или пак можеби само открил една тајна премногу.

Ватикан се бори за ситнишот

Една од најголемите, најмоќни и најбогати организации на светот е на почеток од едно долго натегање со градот Рим буквално за ситни пари.

Епл годишно троши 150 милиони долари само на една авио-компанија

Внатрешен податок од авио-компанијата Јунајтед покажува дека Епл е нивниот најголем корпоративен клиент, кој годишно им купува авионски карти во вредност од 150 милиони долари.

На Обамовци им тргна: од 1,2 милиони на 40 милиони долари

Разликата меѓу американски и македонски политичари е во тоа што за првите нивниот мандат е сеидба за подоцна евентуално да пожнеат пари од својата популарност. За македонските, жетва е самиот мандат, пошто после неговото завршување, и онака никој не ги ферма.

Сиромаштијо, и на ракот си му лесна

Сè помалку Американци умираат од рак, ама затоа, бројот на сиромашни се зголемува во однос на бројот на богатите. А од рак најмногу умира сиромаштијата.

Германски АФД почна да вергла за „дегзит“

Крајно десничарската Алтернатива за Германија изгласа дека треба да започне со кампања за повлекување на Германија од ЕУ доколку Брисел не ги исполни нивните барања за реформирање. Инаку АФД беше прилично небитна партија до последните избори.

Макарони и сирење, без брзање

Костко, еден од најголемите ланци на супермаркети во САД, почна да продава синдикална доза макарони со сирење чиј рок на траење е 20 години.

Фатва на европски начин

30 години после иранската фатва за писателот Салман Ружди, Европа сериозно регресира во поглед на слободата на говорот и мислата. Во една петтина од континентот кривично се одговара за богохулење.

Американските студенти должат 1.500 милијарди евра

Студентските долгови во САД никогаш во историјата не биле толку големи. Во кредитно ропство заради студиите се 44 милиони Американци.

Американски државни службеници бараат донации

„Јас сум Томислав Тунтев, државен службеник, ве молам дајте некој денар за да се избутка месецов“. Вакви и слични апели ќе читавме да беа вработени во американската федерална влада која по наредба на Трамп од декември е на принуден и неплатен одмор. За жал, немаме ние среќа да гледаме таков сеир.  

Нешто од интересните новотии на ЦЕС 2019

Саемот за потрошувачка електроника бидна и за годинава, и стандардно донесе нова генерација на најразлични електронски производи што најочигледно ќе ти покажат колку многу е застарена опремата што ја имаш по дома.

„Виша сила“ е надминат концепт?

Терминот губи на значење во време кога знаеме дека човечкатa aктивност е онаа која ги предизвикува екстремните климатски појави.

Смртта на боледувањето

Ви тече нос, имате температура, едвај стоите на нозе, а сепак се силите да работите од дома? Мобилноста, чувството на вина и компетитивноста, прават денес човек да не е раат ни кога е болен.

Реакцијата на Макрон за Жолтите елеци прави Путин да изгледа како бајче

Макрон прво ги поткупи Жолтите елеци, што малку го стиши гневот на демонстрантите, но не го згасна целосно насилството, па сега францускиот претседател се одлучи на решенија кои се „построги од правилата што режимот на Путин ги користи за потиснување на политичката опозиција“.

Зошто толку од нас сакаа да веруваат во системот за чистење океани што крахираше?

Мултимилионска направа која требаше систематски да го чисти ѓубрето во Пацификот во согласност со очекувањата на експертите се расипа и моментално ја влечат накај Хаваи за поправка.

Како да станеш најбогатата жена на светот?

Чекор бр. 1: Разведи се од најбогатиот маж на светот.

А зошто данок од 70% за богаташи да не е разумен?

Откако тазе демократската конгресменка Александриа Окасио-Кортез предложи данок од 70% за оние со богатство на 10 милиони долари, народ се побуни како на сите да им фалат 100 долари до 10 милиони.

Град во Финска воведува „полициски час“ за млади

На сајтов скандинавските земји обично се наведуваат како позитивен пример, за екологија, безбеден сообраќај, квалитетно образование. Оваа вест само на прв поглед изгледа обратно.

Гугл решил дека на 20 милијарди евра најдобро ќе им биде да легнат на Бермудските острови

Парите се префрлени во 2017, а за нив се дозна дури скоро од документи поднесени во Холандската трговска комора. Ако го прашувате Гугл, нема ништо спорно во тоа.

Кинезите тргнаа со воспитно апсење Канаѓани

Во мерка која никако не е одмазда за апсењето на директорката на Хуавеи на аеродром во Канада, Кина од апсењето на 1 декември до сега има приведено најмалку 13 канадски државјани.

Германско право на работа во пижами

Околу 40% од Германците сакаат повремено да можат да работат од дома, па германските законодавци почнаа со процедура за работодавците да ја овозможат оваа опција.