Работодавците ќе имаат должност да им овозможат на своите вработени да работат од дома, а ако не го направат тоа ќе треба да образложат зошто истото не можат да го спроведат.
„Дигитализацијата го менува соодносот на моќта. Ние мора да се осигуриме дека работниците ќе имаат корист од овие промени,“ објаснуваат од германското министерство за труд.
Тамошните анкети покажеле дека околу 39% од работодавците им овозможуваат на вработените да работат од дома, меѓутоа проблемот е што оваа опција била „спорадично“ користена.
„Голем број работодавци кои не им овозможуваат на работниците можност да работат од дома ја навеле интерната комуникација како објаснување зошто им е потребно работникот да им е во канцеларија. ИТ безбедност и заштита на податоци се дел од грижите.
Неколку студии исто така заклучија дека луѓето кои работат од дома имаат тенденција да работат подолго и да им е потешко да се ’изгасат’ по завршување на работниот ден. Луѓето кои работеле од дома исто така се покажале како попродуктивни и позадоволни со својата работа,“ пренесува Дојче веле.