Најголем дел од картите на Епл, или 35 милиони долари годишно, се за летови до меѓународниот аеродром во Шангај. Во просек компанијата дневно од Јунајтед купува 50 карти за бизнис класа од Сан Франциско до Шангај.
Втората и третата по посетеност дестинација за вработените на Епл се аеродромите во Хонгконг и Тајпеј.
Вака честите летови за Кина, се објаснуваат со тоа што комплетното производство на Епл е сместено таму, во градови како Шензен каде се наоѓа една од главните фабрики на Фокскон.
Информацијата доаѓа од еден интерен промо знак на Јунајтед, според кој компанијата има и 3 бизнис клиенти кои годишно купуваат авионски карти во износ над 34 милиони долари - Фејсбук, Роше и Гугл. Во групата 12 до 17 милиони се Делојт, Меккинзи, Циско, Аплајд материалс, ПВЦ и Оракл.