Внатрешен податок од авио-компанијата Јунајтед покажува дека Епл е нивниот најголем корпоративен клиент, кој годишно им купува авионски карти во вредност од 150 милиони долари.
Сезонскиот кошмар од летање во најфреквентниот дел од годината преточен во едно видео. Равенката е дека колку што ние треба да имаме разбирање за нив и нивната работа, толку и тие треба да имаат разбирање за нас и нашите работи.
Многу е едноставно, нема правда, ниту логика, ќе платите колку и да ви побараат и тоа е. Видеово може само колку-толку да ви олесни како се стига до тие бројки.
Комплетиран е првиот лет околу светот изведен комплетно со помош на сончева енергија. Убава приказна е тоа, а цреша на шлагот е името на пилотот: капетан Пикар.
Авиокомпанија од Санта Моника, воведува услуга која ќе им овозможи неограничен број летови на патниците за одреден месечен паушал, нешто како месечна карта за автобус, само што е за летање.