Бертран Пикар и копилотот Андре Боршберг деновиве слетаа во Абу Даби завршуваjќи го патешсетвието кое започна на истото место на 9-ти март годинава.
По пат срушија 19 официјални авијациски рекорди меѓу кои и оној за најдолг непрекинат лет:118 часа (цели пет дена и пет ноќи) кога ја минувале најдолгата од 17-те рути, Нагоја (Јапонија) - Хаваи (САД) долга 8.942 километри.
Авиончето кое ги пренесе околу светот е тешко олку автомобил но има распон на крила колку Боинг 747. Опремено со 17.000 соларни ќелии и кокпит колку телефонска говорница (линк за помлади читатели) во кој пилотите дишеле на боци и спиеле по 20 минути во парче.
42.000 километри, пет континенти, три мориња и два океана.