Surf Air планира да ја нуди членство за своите патници, кое ќе чини 790 долари месечно. Во членството се вклучени неограничен број летови меѓу Лос Анџелес, Санта Барбара, Пало Алто и Монтереј.
"Го нудиме тоа што го бара пазарот, професионален и достапен сервис меѓу многу населени региони. На сосема нова група на луѓе ќе им го претставиме патувањето со приватен авион, луѓе кои до сега не биле во можност да си го дозволат тоа" изјавил еден од основачите на компанијата, Вејд Ејерли.
Минатата година само меѓу Сан Франциско и Лос Анџелес летале повеќе од 20 милиони патници.
Во прво време компанијата ќе лета со два авиона од швајцарскиот производител Пилатус, кои собираат по 8 патници.