Почетокот на 2019 потсетува на два важни настани поврзани со слободата на говорот: четири години од масакрот на редакцијата на Шарли Ебдо и 30 години од фатвата (давање право да се убие) Салман Ружди.
И двата настани консензуално беа оценети како загрозување на фудаменталните вредности на европската цивилизација. Но, наспроти едногласната реторичка осуда, во делови од континентот се зацврстуваат законите кои забрануваат бласфемија. Тоа се случува и во највисоките инстанци, каков што е Европскиот суд за човекови права кој потврди дека едно од правата е да правото да не ти бидат навредувани религиозните чувства. Поконкретно, судот реши дека Австрија не ги прекршила правата на слободно изразување кога осуди една жена која пророкот Мухамед го нарече педофил.
Во Шпанија за повреда на религиозни чувства се гони актерот и активист Вили Толедо, во Полска слични маки има поп ѕвездата Дода.
Иако некои земји под притисок на јавноста ги повлекоа донесените закони кои го забрануваат богохулењето, во 20% од европските земји тоа и натаму е кривично дело.
Можеби „старата, добра Европа“ е онаа од 1766 година кога на Жан Франсоа де ла Баре му беше отсечена главата а потоа беше запален заедно со примерок од Волтеровиот „Филозофски речник“ заради „монструозни и одвратни бласфемии против Господ.... и црквата“.