Бројката деновиве ја објави канадската влада, без притоа да наведе кој од нејзините државјани за што е приведен. Тие објавиле дека 8 од уапсените подоцна се ослободени.
Пред објавата на канадската влада се знаеше само за апсењето на тројца Канаѓани во Кина.
Напнатоста следува откако канадската влада реши да ја уапси финансиската директорка на Хуавеи и ќерка на основачот на компанијата на барање на САД.
Отава негира постоење на експлицитна поврзаност меѓу апсењето на Менг Венџу и приведувањето на канадските граѓани. Со ова не се согласуваат западните дипломати сместени во Пекинг, според кои приведувањата се „мило за драго“ одмазда од Кина.
Менг од средината на декември е ослободена со кауција од 7,4 милиони долари, и живее во една од двете нејзини мултимилионски куќи во Ванкувер, каде се бори против барањето за екстрадиција во САД.
Гревот на Менг е што ги прекршила американските санкции кон Иран.
Моментално над 200 Канаѓани се во затвор во Кина по најразлични основи. Во исто време во американските затвори има 900 Канаѓани.