Стапката на смртноста од рак во САД континуирано паѓа веќе 25 години, но постојат големи разлики меѓу сиромашните и богатите. Од 1991 до 2016 година, вкупната стапка е намалена за 27% што значи дека 2, 6 милиони луѓе поживеале повеќе отколку што би ги имало по онаа стапка од 91-ва.
За јавното здравје и онколошката заедница е позитивно тоа што стапките се намалуваат долж половите и расните разлики. Забележан е посериозен пад кај мажите кои почесто заболуваат и умираат од рак а се тенчи и границата меѓу белците и црнците.
„Расните разлики во смртноста од ракот се намалуваат. Кај црнците беше 33% поголема во 90-тите години, денеска е 14% повисока. И натаму е повисока но разликата се намалува,“ вели Ребека Сигел од Американското друштво за рак.
Но, сиромаштијата останува Рубиконот кој не е преминат а последната студија укажува на загрижувачки тренд на растечка стапака на смрност на основа на богатството.
„Нè изненади сознанието дека разликите во смртноста на темел на социо-економскиот статус се зголемуваат. Имотниот статус предизвикува разлики во изложеноста на ризични фактори и помал пристап кон квалитетна превенција и лекување,“ објаснува Сигел.
Со други зборови, на оние кои немаат пари им е потешко да дојдат до онколог и опциите им се ограничени. Лошото здравствено осигурување ги обесхрабрува да побараат помош кога ќе ги забележат симптомите а не па да се впуштат во превенција која подразбира промени во животниот стил и навиките.
Од 2012 до 2016 година, вкупната стапка на смртност од рак во посиромашните краеви на САД била за 20% повисока од онаа во побогатите делови а социо економските разлики во поглед на смртноста се зголемуваат во последните три децении.