Американските студенти должат 1.500 милијарди евра

Студентските долгови во САД никогаш во историјата не биле толку големи. Во кредитно ропство заради студиите се 44 милиони Американци.

Речиси седум проценти од сите американски долгови се на има студентски кредити. Како ставка, поголема од нив се само хипотекарните кредити.

44 милиони Американци ги отплаќаат своите студентски кредити кои во просек се движат меѓу 20 и 25 илјади долари. Последниве години студирањето е поскапено па оној што запишал факултет во 2016 година, во просек веќе должи 37.000 долари.

На оние 1.500 милијарди евра треба да се додадат и 64 милијарди приватни кредити добиени од банките. Во 90% од случаите гарант на кредитот е државата а 10% од задолжените не успеваат да го вратат кредитот па се интервенира со парите од даночните обврзници. Меѓутоа, според проценките на Брукингс институтот, уделот на оние кои нема да можат да го вратат кредитот многу брзо ќе порасне до 40%. 

Од 1980-та година до сега, трошоците за студирање на американските факултети се имаат зголемено за 4 пати, но на оваа задолженост некогаш се гледа и како на позитивна работа, затоа што сè повеќе Американци решаваат да студираат и да се подготват за иднината во која за само две години, за најмалку 65% од работните места ќе биде потребна висока школска спрема. 

 

11 јануари 2019 - 20:57