Првичното барање на АФД беше Германија да го напушти еврото и да се укине Европскиот парламент. Меѓутоа ова на крај беше ублажено со повик до Берлин да ја напушти ЕУ до 2024, рокот во кој АФД очекува Брисел да спроведе реформи.
Од раководството на партијата не се нешто многу за излегување од ЕУ, и имаат далеку поблаги ставови отколку она што се случуваше во Британија, меѓутоа не го исклучуваат дегзит како можен исход доколку не биде по нивно. За време на гласањето на конвенцијата на партијата, раководството порача дека иако ЕУ има проблеми на сите страни, сепак треба да се има предвид како напуштањето на Унијата лошо ќе влијае врз Германија.
Ако се прашува партијата тие би поддржале многу поинаков европски блок кој би се фокусирал на „економската соработка и заедничките интереси на европските држави“, тие исто така се против заедничка европска одбранбена и надворешна политика.
АФД е оформена во 2013 како еуроскептична партија, токму со намера Германија да ја напушти евро валутата, меѓутоа некако со тек на време многу повеќе сврте кон анти-мигрантски и исламофобски позиции. Ваквата промена за возврат ги направи најголемата опозициска партија во парламентот.