Вести

Без тапии, урнатините во Газа се ничија земја

Жителите на Газа на кои израелските бомби им ги уништиле куќите се плашат дека може трајно да останат бегалци, исто како и нивните баби и дедовци по 1948 година. Тапиите им се изгорени или закопани под урнатините. А, ако не приложат документи за сопственост, тешко ќе можат да ги спречат Израел и „мировниците“ да изградат бази или луксузни комплекси врз нивниот имот.

Германија дала 200 милиони евра за видео-игри за кои нема поим

Германската влада во изминатите седум години издвоила 221 милион евра за продукција на над 700 видео-игри, како обид да ја зајакне домашната гејминг индустрија. Но, никој во Берлин не води евиденција ни кои се игриците ни дали воопшто се достапни. Голем дел од парите се префрлаат на идеолошки проекти или на рекламирање приватни компании.

Јапонија нејќе шуто и рогато од странство

Јапонија е остров па се чини дека не би требало да има проблем со зголемена имиграција. Но и Англија е остров па види ја ти неа. Откако рекордно им се зголеми бројот на странци за само една година, јапонската влада драстично го зголеми давачките за дозволи за престој. Странците ќе мора да покажат приходи исти или повисоки од просечните јапонски приходи а во меѓувреме ќе треба и да го навежбаат јазикот. 

Речник

Канада ќе почека со еутаназија на луѓе со ментални болести

Владата во Отава се откажа до планот да ја прошири програмата за медицински помогната еутаназија (MAID) за лица кои страдаат исклучиво од ментална болест. Најави сосема нов закон, според кој пациенти со прогресивна болест ќе можат предвремено да се регистрираат за MAID пред да им се влоши здравјето до степен кога нема да можат самите да донесат свесна одлука.

Британија си отвори дупка од 160 милијарди долари

Воведувањето даноци за пари заработени надвор од земјата ги притисна ултрабогатите бизнисмени да ја напуштат Британија. Оние што во изминатите две години се преселиле во Монако, Швајцарија и Обединетите Арапски Емирати однеле од земјата 160 милијарди долари. Според Блумберг, тоа се повеќе пари отколку што поседуваат богаташите што решија да останат.

Има нешто вечно во луѓето од Европа

Студија на Европските зелени откри „вечни хемикалии“ (PFAS) и нивни разградни продукти (TFA) во крвта на сите 110 тестирани волонтери од 9 држави. Притоа Хрватска отскокнува со алармантни 60% од испитаниците со зголемени вредности. Овие соединенија доаѓаат преку пестицидите и водата и влијаат на тироидната жлезда, имунитетот, плодноста и развојот на рана возраст. 

Амазон се подготвува да лансира 3.236 сателити

Компанијата веќе почна да ги прави подготовките за проектот што тие го опишуваат како „голем, смел вселенски проект“, кој треба да е за општо добро на човештвото.

Јапонскиот бизнис со цветањето на црешите

Годинава се проценува дека во Јапонија, што туристи, што локалци, околу 63 милиони луѓе биле или ќе одат да го гледаат цветањето на црешите, број на луѓе и настан што ќе донесе околу 2,7 милијарди долари.

Зошто епидемијата на зависност е многу америчка работа

Ретко која земја има толку успешен брак меѓу капитализмот и медицината. Уште поретки се земјите во кои можело да се наиде на рекламирање хероин за деца.  

Не се само македонските внатрешни органи наопаку

Група студенти по медицина конечно добиваат кадавер за да можат во реалност да ја запознаат човечката анатомија која ја учеле само од учебник. Само што, она што го добиваат, го нема во учебник.

Јон Илиеску обвинет за злосторства во револуцијата што го собори Чаушеску

Обвиненијата против Илиеску се по основа на злосторства против човештвото и се однесуваат на 5-те дена по соборувањето на комунистичкиот лидер Николае Чаушеску.

Градот убав пак ќе пливне

Како да се спасат урбани заедници од загрижувачкиот пораст на нивото на океаните и морињата? Стави го градот да плива на површина па тоа водата нека се качува колку што сака.

Клето Турче

Тргнувајќи од непобедливото мото „Лулашките тоа сум јас“ турски градоначалник во оставка реши да го откорне детското игралиште што ги поставил додека бил на власт.

Хафтар и битката за нафтеното богатство на Либија

Нафтените приходи на Либија и девизни резерви во странство, топтан во износ од околу 80 милијарди долари се контролирани од Триполи. Нафтените полиња на југот и западот од земјата се контролирани од генералот Калифа Хафтар. Овој вториов, заедно со својата армада, деновиве тргна да го обедини сето ова.

Обама до демократите: престанете да си пукате во нога

Поранешниот американски претседател и актуелно божество на Демократската партија, е прилично загрижен што крајно-левото, прогресивно крило на партијата не е подготвено на компромис, со што околу одредени разлики во политиките и ставовите создава „кружен стрелачки вод“ меѓу сојузниците.

ГПС-от не е отпорен на Путин

Секогаш кога Путин ќе се појави некаде ГПС системот во околината инстантно излудува и почнува да дава драматично погрешни резултати, тврдат американски експерти.

Амазон си го бара името

Ако денес некого прашете чиј е Амазон, најверојатниот одговор е, на оној Џеф Безос. Само што Амазон е и нешто друго, нешто што постои со векови и милениуми и нема врска со пазарење туку со култура, идентитет и наследство. Како некогаш Колумбо со шарени стакленца, или денес битангиве со бајки за стампедо на странски инвестиции (ене ги инвеститорите, се трупаат на Табановце, сите во низок старт) и Амазон на Безос проба да ја подмачка другата страна. Не му пројде.

Идентични близнаци, идентична алиментација

Бидејќи двјца идентични браќа од Бразил не сакаат да кажат, или пак не знаат кој е таткото, а тоа не може да се докаже ни со ДНК тест, судија решил и двајцата да одвојуваат од плата за растење на бебето.

Како се соработува со Меѓународниот кривичен суд? Не се соработува со Меѓународниот кривичен суд!

Американските власти ја укинаа визата на обвинителката што требаше во САД да ги истражува злосторствата на американските војници и нивните сојузници во Авганистан.

Зошто највисокиот облакодер во Европа ќе се гради на село?

Наместо прописно да ја натискаат во Копенхаген (сигурно имаат некој паркинг во центарот) кулата што ќе биде висока 320 метри, за 10 метри повисока од сегашниот европски облакодер рекордер во Лондон, ќе биде изградена отпат сред данска пустелија.

Пит Бутиџеџ, млад геј политичар на поинаков начин

„Откако Лејди Гага ја испеа „Shallow“, сме немале ваков ѕвездата-е-родена момент,“ признава еден Републиканец кој пишува за Њуорк Тајмс. А зборува за до вчера непознат Демократ кој е новата ѕвезда на американската политичка арена а кој, патем, е млад и е геј. Само што не е млад и не е геј на вообичаен начин.

Порошенко се согласи на допинг-тест пред ТВ дебатата

Како никогаш (и веројатно никаде) до сега, двајцата украински претседателски кандидати што стигнаа до финалето, својот ТВ дуел ќе го одржат на Олимпискиот стадион во Киев. А на Олимписки нема со допингување.

На Асанж му останаа „часови или денови“ во амбасадата во Лондон

Викиликс цитира „висок извор“ кој им порачал дека Џулијан Асанж ќе биде протеран од еквадорската амбасада во рок до часови или денови.

Видео игри вс. мозокот на вашето дете

Детето со своите постапки се обидува да ви каже дека и тоа не сака така да се однесува и дека би сакал да може да престане да игра, меѓутоа не може, тврди педијатарот психофармаколог (и хонорарен двојник на Александар Вучиќ) др. Мајкл Милхам.

ИКЕА почна да изнајмува мебел

Нешто како мобилен на договор, со тоа што по истекот на одредено време постојниот мебел што неколку години си го јавал по дома, го заменуваш за друг.

За денот по брегзит ангажирани дополнителни 10.000 полицајци

Стравот е дека како што тргнало брегзит ќе стартува без договор со ЕУ, што во перцепцијата на Британците може да доведе до некои апокалиптични сцени низ островот, заради што врвот на тамошната полиција реши да активира засилување од 10.000 полицајци.

Пола од парите во музиката доаѓаат од стриминг

Бројот на претплатите за стриминг музика во 2018 се зголемува за речиси 33%, со што индустријата ги достигнува баснословните бројки од 2007-ма.

Американското министерство за правда се вмеша во исправањето неправди околу Оскарите

Откако маката што филмаџиите ја имаат со стриминг сервисите како Нетфликс стигна до таму богот на Холивуд, Спилберг, да проговори околу тоа, сега и американските власти излегоа со свое гледиште на целата работа.

Екс-НСА шпиони хакирале новинари за Обединетите Арапски Емирати

Новинари и директори на новински компании како Би-би-си, Ал-Џезира биле хакирани од поранешни американски шпиони за потребите на Емиратите, објавува Ројтерс.

Премолчените 3 милиони жртви на Черчил

Гладот во Бенгал од кој во 1943 умираат 3 милиони луѓе до сега се сметаше дека е причинет од суша. Детална студија на целата ситуација покажува дека вината всушност паѓа на комплетниот неуспех политиките што тогашниот британски премиер Винстон Черчил ги тера во Бенгал.