Официјалното име му е проект Куипер, а официјалната намена му е да обезбеди интернет онаму каде што нема.
Овие над 3.000 сателити ќе треба да вртат во ниската орбита околу Земјата и да „обезбедуваат брз броудбенд интернет на заедници низ светот на кои тој им недостасува.“ Процените на Обединетите нации се дека околу 4 милијарди луѓе на планетава немаат доволно интернет.
Бројките на Амазон се дека сателитите ќе покриваат територија на која живее 95% од светската популација.
За сега нема никакви дополнителни информации кога оваа мрежа од сателити ќе биде пуштена во оптек или колку пари ќе чини.
Моменталниот статус на проектот е - поднесени документи кај американските телекомуникациски власти.