Сезоната на цветање варира од година во година ама трае околу два месеца, и се движи низ јапонските острови, почнувајќи нај на југ, завршувајќи на крајниот север на земјата. Оваа година најголема посетеност имал Уено паркот во Токио, каде пристигнале околу 4 милиони туристи.
Бројката на луѓе и популарноста на црешовите цветови навлекува бројни бизниси. Така Кока-кола и Старбакс се обидуваат да влијаат на тоа што пијалаци ќе има во парковите; УберИтс нуди испорака директно до пикник местата на луѓето отидени на ханами (актот на гледање на цветот на цреша); локални јапонски компании наплаќаат по 26 долари на час за да ти наместат маса, перници, храна и пијалоци на местото каде што сакаш да одмараш; а за тие што не сакаат пикник понудена е полуксузна опција на приватни проѕирни засолништа под дрвјата со масички за кафе и греење, што чини околу 80 долари.
Ханами и Инстаграм се створени едно за друго, па по таа основа бројот на корисници во земјата последните две години се зголеми за два пати и изнесува 29 милиони, а во истиот период туризмот и бројот на странски посети на овие локации доживува бум.
Јапонската влада и Инстаграм минатата година соработуваа на промоција на хаштагот #UnknownJapan, кој резултираше со споделување на слики од 5 милиони странски посетители.
Бонус од ова е што се повеќе туристи решаваат да излезат вон Токио, Нагоја и Осака, и да разгледаат во внатрешноста на земјата.