Изворот на актуелната американска криза со опоиди датира уште од средината на 19-от век кога германскиот фармацевт Фрдрих Сертурнер го открива морфинот додека експериментира со семе од афион. Наспроти неговата загриженост дека аналгетикот предизвикува зависност, лекарите почнуваат масовно да им го даваат на војници вратени од боиштата на Граѓанската војна,. Таа војна завршува но останува армија луѓе навлечени на морфиум кој и после тоа масовно се препишува, особено на жени, за секакви маки, од менструални болки до кашлица, првенствено бидејќи тогашните лекари сметале дека жените имаат понизок праг на болка.
Откако пациенти сè повеќе почнуваат да умираат од предозираност, американсктие доктори стануваат повнимателни и се префрлуваат на побезбедната алтернатива - хероинот. Во весници од преминот на вековите можат да се најдат реклами на кои мајки им помагаат на своите дечиња кои кашлаат, давајќи им хероин на лажиче. Хероинот оди во илегала дури во 1924 година со што најмногу се менува неговиот третман, од здравствен во криминален проблем.
Појавата на Оксиконтинот во 1996 година ја означува последната фаза од американската зависност во форма која постои и денес. Пердју Фарма која ја држа милијардерското семејство Саклер заработува грдни пари на нивниот бестселер аналгетик. Денес се предмет на илјадници тужби дека намерно ги ублажувале негативните нус-спојави на нивниот лек за тие информации да не влијаат на продажбата.
Денес од лекови препишани од лекар умираат повеќе Американци отколку од хероин и кокаин - заедно.
„Во текот на историјата, епидемиите на зависност ги менуваат своите форми но остануваат уникатно американски. Нашата култура е исклучително вешта во маркетинг и бракот меѓу капитализмот односно маркетингот од една и медицината од друга страна, никаде не е до толку перфектно ефикасен како кај нас, во САД,“ велат домаќините на еден подкаст на НПР.
*******
За Оксиконтинот види овде
За Фентанилот овде