Во твитот објавен од Викиликс се тврди дека Еквадор веќе има договор со Британија за апсење на Асанж, кој од 2012 нема чекор направено надвор од амбасадата, каде се засолни откако британскиот суд ја прифати шведската потерница за него пуштена за наводно силување. Шведска во 2017 се откажува од потерата, меѓутоа британските власти изјавија дека сепак ќе го уапсат Австралиецот кога ќе ја напушти амбасадата затоа што кога решил да се скрие во дипломатското претставништво ги прекршил условите на кауцијата со која бил пуштен.
Освен локални проблеми, Асанж стравува од депортација во САД каде ќе се соочи со обвинувања за хакирани владини документите за американските војни во Авганистан и Ирак.
Бркањето на Асанж на улица се совпаѓа со објавувањето на ИНА документите кои се однесуваат на оф-шор скандал со корупција во кој е вклучен и претседателот на Еквадор, Ленин Морено.
Морено и претходно не беше многу наклонет кон гостинот во амбасадата во Лондон, затоа што постојано ги прекршувал условите на неговиот азил:
„Не дека тој не може слободно да говори, не е дека тој не може слободно да се изразува себе си, меѓутоа тој не може да лаже, а не па да хакира туѓи сметки и да пресретнува приватни телефонски разговори.“
Еквадор ги сомничи Викиликс дека се одговорни и за ширење приватни фотографии од Морено на социјалните мрежи.