Кулата е планирана да биде седиште на компанијата Бестселер, дански бренд кој се занимава со мода и повеќе од 30 години е сместен во руралното местенце Бранде на северот од земјата. Плацот за кулата е во околината на Бранде, а изборот на локацијата е направен во знак на благодарност до тамошната заедница и унапредување на местото од каде што доаѓа брендот.
За да не стои исправена како статива сред пустелијата, околу основата на облакодерот ќе се изгради и серија нови згради, кои треба да создадат нова паланка околу кулата, и освен станови ќе вклучуваат продавници, хотел, образовни институции и слично.
„Би сакале да ги отвориме нашите врати менувајќи го начинот на кој компанијата контактира со локалната заедница, и ние се надеваме дека ќе можеме да креираме вредност и за нашите колеги и за луѓето во Бранде.
Планот доаѓа од интерес и пасија кон архитектура и визија за создавање уникатна зграда која одговара на уникатна околина на нашето ново седиште,“ објаснуваат од Бестселер.
Изградбата на Бестселер кулата треба да заврши најрано во 2023.