Илиеску, инаку поранешен комунистички функционер и министер во владата на Чаушеску, е обвинет за „опсежни и комплексни активности за диверзија и дезинформација“ кои доведоа до хаосот. Ова се однесува на ширењето дезинформации за време на навините телевизиски настапи, кои придонеле кон „општа психоза“ и го зголемиле ризикот од „хаотично пукање“.
Постапките на Илиеску, и двајца други обвинети поранешни високи функционери, се причината за привидното судење на Николае и Елена Чаушеску кое заврши со нивна егзекуција (со тв снимка) на 25 декември 1989.
Во 5-те дена романска револуција беа убиени речиси 1.300 лица, а најмалку 3.000 беа повредени во насилните немири. Од нив, по доаѓањето на власт на Илиеску, на 22 декември, убиени се 862 лица.
Откако романското обвинителство ја комплетира истрагата против поранешните револуционери, сега Илиеску и неколку негови високи соработници ќе треба да излезат на судски процес.