Нова книга повикува на стишување на политичката реторика и прифаќање на таков пристап кон промената кој е поблизок до здравиот разум, не доведува до крвопролевање и бурни реакции и има долгорочен и стабилен ефект.
Бројот на публикации кои значајно влијаат врз одредена научна дисциплина е драстично намален во последните педесетина години. Нова студија се обидува да објасни зошто.
Во септември 1905, печатарските работници во една издавачка куќа го запреле процесот. Барале во пресметката на надниците да им се сметаат и интерпункциските знаци. Со оглед на тоа што запирките биле најчести, овој штрајк е наречен „штрајкот на запирката“.
„Оној кој не може да поднесе лута пиперка, не е способен ниту да се бори“, изјавил Мао, со тоа воведувајќи ја симболичката врска помеѓу револуцијата и лутата храна.
Обвиненијата против Илиеску се по основа на злосторства против човештвото и се однесуваат на 5-те дена по соборувањето на комунистичкиот лидер Николае Чаушеску.
Еден од најдобрите играчи во Бахреин пред неколку години бил обвинет дека учествувал во демонстрации против властите во земјата. Оттогаш до денес се моли само да не го вратат зошто знае што го чека.
Големиот, вековен јубилеј од револуционерните настани Русија нема официјално да го слави затоа што и 100 години подоцна, руското општество е длабоко поделено што тоа се случи во таа 1917-та година. А и Путин нема херој од тоа време со кој би сакал да се поистовети.
Алисон Кенеди е американска комунистка која упорно работи на основната идеолошка кауза, освестување на работничката класа дека она што ѝ се нуди на избори, не е нивен избор. На избори редовно минува катастрофално но тоа не ја секира: кога комунисти воопшто дошле на власт со избори?
Во неодамнешниот пакет со помош што САД им го прати на бунтовниците во Сирија беа вклучени и 43 пикапи Тојота, истиот модел кој изминативе неколку децении се појавува секаде каде што има некој судир меѓу бунтовници и власт. Возилото е толку издржливо што Топ Гиар и покрај целото свое настојување не успеаа да го уништат.
Маркс го утна носителот на класната револуција бидејќи работничката класа одамна не е тоа што беше. Но, можеби малку поинаков бауч сега кружи над нашите глави.
Рики Жерве, Семјуел Џексон, Миа Фароу, Салман Ружди, дури и Ватикан, беа меѓу оние кои му оддадоа почит на Лу Рид. Меѓу нив и сер Том Стопард, кој ја искористи музиката на Рид за неговата славна претстава „Рокенрол".