
На списокот желби на Слободната сириска армија било конкретно наведен Тојота Хилукс пикапот. Се очекува дека дел од возилата ќе се користат за транспорт, а дел ќе бидат преадаптирани и на нив ќе биде монтирана воена опрема и оружје.
"Тоа е и една од причините зошто Тојота Хилукс е толку важен фактор, затоа што може да биде користен и за хуманитарни и за оперативни цели," објаснува советникот на Сириската национална коалиција во Вашингтон, Убаи Шахбандер.
Во 90-те Талибанците на големо го користеа ова возило, кое според воените известувачи од тоа време им овозможило сериозна предност на военото поле.
"Тие ги усовршија стратегиите со брзо маневрирање, и тоа го правеа со Хилукс пикапи. Во анализата на освојувањето на Кабул во 1996-та, Џејнс Дефенс Викли објаснува дека станува пример за операција од учебник, организирана од три страни, координирана и извршена со помош на овие Хилукс пикапи, кои брзо се движеа и брзо пренесуваа пешадија," објаснува известувачот на БиБиСи, Дејвид Лојн, кој беше сместен во Кабул за време на освојувањето на градот од страна на Талибанците.
Според Лојн, Хилуксот е едно од најважните и иконските оружја на војната во Авганистан.